Thursday, 07 July 2011 07:51 Шоу Бизнис

Личниот лекар на италијанскиот премиер изјавил дека Берлускони може да води љубов шест пати неделно, но сепак седмиот мора да одмара...


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, кој важи за голем љубовник, е со совршено здравје и "може да води љубов 6 пати неделно", но секако со еден ден одмор, рекол неговиот лекар во интервју кое го пренесува италијанскиот печат.

"Тој е супериорен човек, како физички така и интелекуално", изјавил Умберто Скапајини, член на партијата на Берлускони "Луѓе на слободата" и негов личен лекар во интервју за магазинот "Novela 2000".

"Може да води љубов шест пати неделно, а да не се напрегне премногу. А седмиот ден сепак би требало да одмара", објаснил тој.

"Тоа не е лошо, поготово за еден 74 годишник кој имал тумор на простатата", додал Скапајини.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, 70 годишниот лекар не само што ги пофалил сексуалните способности на својот пациент туку во парламентот јавно проговорил за своето искуство во борбата против ракот.

"Паднав во кома и видов тунел на светлината. Отидов по него и ги видов мајка ми, татко ми и Пио (италијански светец) како ме држат за раце", рекол Скапајини пред занемените италијански пратеници.

"Господовата желба е исполнета и по 80 дена се пробудив. Денес не сакам другите да одлучуваат наместо мене во мојот живот. Сакам да одлучувам сам", истакнал тој.     

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...