Tuesday, 24 May 2011 14:57 Шоу Бизнис

Хиперактивните близнаци кои ја претставуваа Ирска на овогодинешнава Евровизија се запознаа со претседателот на САД и неговата сопруга...

Идентичните близнаци Џон и Едвард Грајмс, заедно познати како Џевдард, вчера се запознаа со претседателот на САД, Барак Обама и неговата сопруга, Мишел.



Обама е тргнат на шестдневна турнеа каде што ќе мора да посети четири европски земји, а започна со Ирска, каде што беа пречекани од многу ветровито време, што косата на неговата жена Мишел наликувала на онаа на близнаците Џедвард.



Откако и го посочиле тоа, Мишел побарала да ги запознае близнаците, кои со задоволство се согласиле да го изведат својот број еден хит Lipstick со кој ја претставија Ирска на Евровизијата во Дизелдорф.

Иако близнаците завшрија на осмо место, нивната песна е број еден хит во Ирска, Британија, Австралија, Германија, Швајцарија, Австрија и уште неколку земји.



Близнаците по настапот го замолиле Обама да ги следи на Твитер, а Обама дури и ги поканил во Белата Куќа за да изведат некоја нивна песна за неговите ќерки, како што напишаа близнаците на нивниот Твитер профил.

„Пресреќни сме што го запознавме Обама. Тој ги потврди нашите фризури, што значи дека се потврдени од најголемиот човек на планетата. А тоа за нас е уште еден чекор поблиску до Америка, т.е. еден чекор поблиску до Бритни Спирс“, изјавија близнаците, кои меѓу другото, се огормни обожаватели на поп принцезата.

Близнаците исто така ветија дека наскоро ќе постираат слики од нивната средба со Обама на нивниот официјален Твитер профил.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...