Thursday, 19 May 2011 00:02 Шоу Бизнис

Во „Спектакуларното изненадување на Опра“, последната епизода на „Опра Винфри Шоу“, се појавиja толпа ѕвезди за да ја испратат едната и единствена кралица на зборувањето...

Опра Винфри денеска го одржа нејзиниот последен национален говор со прегратки од Том Хенкс, Том Круз и Мадона во преполната арена во Чикаго.



„Таа е самостојна и храбра жена која беше на врвот на својата игра повеќе од 25 години - и се уште растура“, и рече Мадона на возбудената публика од 13.000 додека Винфри стоеше покрај неа на сцената.



Шоуто беше снимено во вторник, а ќе се емитува на 23-ти и 24-ти мај и е насловено како „Спектакуларното изненадување на Опра“ - затоа што дури ни кралицата на шоуто не знаела кој ќе се појави тој ден.



На последната епизода од Опра Винфри Шоу се појавиле многу ѕвезди, на голема радост и воодушевување од страна на кралицата на зборувањето.



Покрај Том Хенкс, Том Круз и Мадона, се појавија Квин Латифа, Бијонсе, Хали Бери, Кејти Холмс, Дакота Фенинг, па дури и една многу озборувана личност во последно време - Марија Шривер, отуѓената жена на Арнолд Шварценегер.



Ова шоу изнуди многу солзи во очите на многу луѓе бидејќи е последното на Опра, а познавајќи ја Опра, сигурно секој што ќе го гледа, нема да остане рамнодушен.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...