Wednesday, 06 May 2015 09:48 Шоу Бизнис

Во рамките на подготовките за лансирање на првиот нов производ, паметниот часовник, откако Стив Џобс го немаше, Тим Кук и другите водечки извршни директори на Apple беа во потрага по некој што ќе им помогне да привлечат повеќе "модно свесни" корисници и лице што ќе помогне да ја зголемат продажбата на кинескиот пазар, а не само кај љубителите на технологијата...



Така ја пронајдоа поранешната извршна директорка на британската модна компанија „Burberry“, Анџела Арентс, која минатата година премина во Apple како шеф на малопродажба и онлајн продавници. Според информациите објавени вчера на Bloomberg, 54-годишната Арентс во последниот квартал од минатата година ги надминала сите продажни и финансиски извештаи, и заработила 82.5 милиони $, со што е највисоко платена жена во САД.

Освен големата плата, минатата година и бил исплатен и бонус за префрлувањето во Apple, плус наградите и бонусите што ги заработила во претходната компанија Burberry.

Информациите за почетокот на годината за Арентс се дека заработила 73,3 милиони $, но оваа сума станала уште повисока за речиси 10 милиони, кои ги добила како "голем поттик" од тимот на директори во Apple.

На второ место во рангирањето на најплатени жени во САД е Сафра Кац од Oracle, која минатата година заработила 71,2 милиони $, а третото место и припаѓа на Мариса Мајер од Yahoo со 59.1 милиони $.

Она што е интересно во оваа ситуација е што Анџела Арентс минатата година заработила многу повеќе пари отколку нејзиниот шеф, главниот извршен директор на Apple, Тим Кук, кој во 2014 година заработил "само" 65 милиони. Што се однесува до мажите, минатата година заработи најмногу извршниот директор на GoPro, Никола Вудмен - 284 милиони долари, најмногу од акциите на компанијата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...