Thursday, 24 October 2013 08:22 Шоу Бизнис

Синот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон - Принцот Џорџ, беше крстен вчера во параклисот на палатата Сент Џејмс во Лондон...

Војводата од Кембриџ и неговата сопруга избраа седуммина свои блиски пријатели за кумови на нивното првородено дете, кое се роди во јули.

На церемонијата на именувањето на третиот во редот за наследување на тронот присуствуваа, освен неговите родители, кралицата Елизабета II, принцот Чарлс и принцот Хари.

Кејт Мидлтон изгледаше прекрасно во крем фустан на Alexander McQueen и шапка во иста боја. Принцот Џорџ, пак, беше облечен во копија на фустанот од тантела и сатен, која првично бил направена за најголемата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година.

Бремената ќерка на принцезата Ана Зара е кума заедно со девојката од училиштето на Кетрин Емел Џардин - Петерсон и Џулија Семјуел блиска пријателка на покојната мајка на принцот Вилијам, Дијана.

На функциите на кум настапи и поранешниот приватен секретар на Вилијам и Хари Џејми Лоутер - Пинкертон, пријатели од детството на принцот Вилијам ван Кетсем и грофот Гросвенор, како и Оливер Бејкер, кој бил студент на кралската двојка во шкотскиот универзитет Сент Ендрус.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...