Tuesday, 08 October 2013 08:06 Шоу Бизнис

Британскиот принц Хари има намера да се ожени за девојката Кресида Бонас. Свадбата може да се случи уште следната година, тврди весникот "Дејли телеграф", повикувајќи се на неименувани пријатели на двојката...

Цитирајќи ги изворите блиски до двојката, весникот тврди дека Кресида Бонас конечно се изборила со своите стравови и е можна свадба (со принцот Хари). "Креси планира да се омажи за Хари" - ги цитира весникот сопствените извори.

Порано медиумите во Велика Британија објавија дека Кресида засега не е подготвена да биде сопруга на принцот, бидејќи повеќе ја интересира нејзината кариера. Според весникот "Дејли телеграф " принцот Хари веќе постојано зборува за семејството и за деца, а Кресида ја дели оваа идеја. Најверојатно свадбата ќе се одржи следната година.

Принцот Хари, кој следната година ќе наполни 30 години, неодамна рече дека ја гледа 24-годишната Кресида со која е во врска веќе 3 години, како идна сопатничка во животот. Хари, кој до неодамна беше љубител на забавите, е променет и размислува за своите ставови за животот.

Семејството на Кресида има директни сродни врски со кралот на Велика Британија Едвард Седми. Мајката и е 66-годишната дама Керзон, а нејзиниот татко е бизнисменот Џефри Бонас.

Принцовите Вилијам и Хари имаат многу тесен пријателски круг во кој постои договор личните информации да не се откријат. Затоа постовите во кои изданијата се повикуваат на извори блиски до принцовите, обично не се потврдени.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...