Thursday, 12 September 2013 08:42 Шоу Бизнис

Зои Салдана се омажила тајно во јуни, објавија американските медиуми. 35-годишната актерка застанала пред олтар со 34-годишниот уметник Марко Перего на церемонија во тесен круг, на кој присуствувале неколку пријатели и сакани...

Таа се одржала во Лондон. "Свадбата беше многу мала, но многу романтична и убава", откри близок извор за списанието ""US Magazine".

Салдана и Перего беа забележани како се бакнуваат по премиерата на "Star Trek: пропаѓа во темнината" во мај во Лос Анџелес. Тоа беше нивната прва јавна манифестација на интимност, но изгледа двајцата се познаваат одамна.

"Тие се познаваат подолго време", изјави запознаен извор. "Меѓу нив има одлична хемија", додаде друг. Долгокосиот Марко бил нарекуван од пријателите "Пиратот Перего" поради сличноста со херојот од "Пиратите од Карибите" капетанот Џек Спероу, одигран од Џони Деп.

Италијанскиот уметник е поранешен професионален фудбалер, но откако неговата кариера беше прекината поради повреда на ногата, тој започнал да развива креативната страна и дури успеал да продаде свое дело на дизајнерот Џорџо Армани при првата изложба.

Пораное Зои имаше врска со холивудскиот убавец Бредли Купер, како и 11-годишна љубов со Кит Британ, со кого се раздели во 2011 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...