ВИЦ

- При сместување во некој хотел во Турција Трпана се жали на шефот.
- Собата е мала, нема купатило и ВЦ, нема прозор, дури нема ни кревет, јас во ваква соба не можам да престојувам!
- Госпоѓо, Ве молам смирете се, сè уште сме во лифтот.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 27 September 2012 15:26 Шоу Бизнис

Уредништвото на музичкото списание „Билборд“ ја прогласи американската поп пејачка Кети Пери за Жена на годината.

Уредникот на популарното списание, Бил Верде, вели дека Кети Пери (27) е избрана поради својот допринос во музиката, нарекувајќи ја „една од највозбудливите и најинспиративните уметнички во оваа индустрија“.

„Кети зачекори во музичката индустрија пред само пет години и веќе постигна повеќе отколку што многу уметници се надеваат дека ќе остварат за време на целата своја кариера.“

Пејачката во последните 12 месеци помина низ бурен период за време на разводот од британскиот комичар Расел Бренд, чие искуство го преточи во хит синглот Part Of Me и филмот Katy Perry: Part Of Me 3D во кој зборува за подемите и падовите во својот приватен живот и кариерата.

На листата на Форбс за најплатени женски изведувачи која е објавена во декември 2011 година, Кети Пери го зазема третото место од 44 милиони долари, а само во Америка има продадено 48 милиони синглови, меѓу кои се најзините најголеми хитови Firework, California Gurls, Е.Т. и Hot N COld.

Покрај тоа, Кети е и многу успешна бизнис-жена. Ширум светот се продаваат парфеми, лакови за нокти, вештачки трепки со нејзиното име, а стана и заштитно лице на една линија козметички производи и грицкалки. Меѓу претходните добитнички на оваа ласкаво признание се и Тејлор Свифт, Бијонсе и Ферги од The Black Eyed Peas.

На Кети Пери оваа награда свечено ќе и биде доделена на 30 ноември во Њујорк.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...