ТОП ВИДЕО |
Saturday, 14 April 2012 15:31
Шоу Бизнис
Актерот и режисер наводно изјавил дека Џон Ленон заслужил да биде убиен, и се заканувал со смртта на својата бивша девојка.
Сценаристот Џо Естерхас им кажал на американските медиуми дека Мел Гибсон, порано уапсуван поради пијанство и навредување на еврејската заедница, имал неколку испади за кои јавноста не знаела. Естерхас се „закачил“ со Гибсон околу снимањето на филмот за библискиот херој Јуда, бидејќи режисерот се откажал од планот тој филм да го сними според негово сценарио. Сценаристото сега тврди дека Мел своевремено изјавил дека славниот Џон ленон „заслужил да умре“. „Мило ми е што е убиен, заслужи таква смрт. Се обидуваше да биде е*ен пророк. Слушнете ја само песната Imagine , колку само ја мразам таа е*ена песна“, се само некои од изјавите на Гибсон. Естерхас тврди дека Гибсон пред своите соработници отворено зборувал за тоа дека би сакал со поранешната девојка Оксана Григориева да има „анален секс, а истовремено да ја боде со нож“. „Гибсон одбил филмот да го сними од една причина, а тоа е омразата кон Евреите. За секој нво соработник прашуваше ‘дали овој е Евреин?’, сите припадници на еврејската заедница ги нарекуваше ‘бегалци од рерна’, рече дека холокаустот е измислица и редеше навреда по навреда“, наведува Естерхас во отворено писмо. Гибсон одговори на неговите обвинувања, кратко кажувајќи дека сценариото го баталил затоа што не било доволно добро, а останатите тврдења ги нарече „безобразни лаги“. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















