Thursday, 12 April 2012 17:40 Шоу Бизнис

Фановите ширум светот со нетпрение ја чекаа саботата и Guns N' Roses во полн состав, но нема ништо од тоа. Ексл Роуз не сака да го види Слеш во своја близина.

Бендот, за прв пат по заминувањето на Слеш, требаше да настапи во Кливленд во оригинален состав на свеченост по повод прием во Куќата на славните рокенроли, но нема ништо од тоа. Фронтменот на бендот одбил да дојде во Кливленд и забранил било кој во негово име да го прими признанието.

„Нема да дојдам на прием во Куќата на славните рокенроли и со почит одбивам да бидам примен во истата како член на Guns N' Roses. Барам да не ме воведувате во истиот во мое отсуство и сакам да знаете дека никој во мое име не може и не смее да прими никакви почести или говори“, им порача Ексл на организаторите.

Слеш се уште нема ништо коментирано.

Покрај легендарниот бенд чиј прием сега се става под знак прашалник, во Куќата на славните рокенроли во сабота ќе бидат воведени бендовите Beastie Boys, Red Hot Chili Peppers, The Small Faces/The Faces...

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...