Thursday, 05 April 2012 09:01 Шоу Бизнис

Полицијата утврди дека белиот прав, откриен во хотелската соба во која почина познатата пејачка Витни Хјустон, е кокаин и дека таа го користела непосредно пред смртта...


Синоќа беше објавен конечниот извештај, во него стои дека покрај кокаинот биле пронајдени огледалце и лажичка, кои најверојатно ги користела при употребувањето на дрогата.

Аутопсијата претходно утврди дека Хјустон, која беше познато дека има проблеми со наркотиците, починала од давење во када, но се наведува дека употребата на наркотици и болестите на срцето допринеле за смртта. Во телото и било пронајдено присуство на кокаин, марихуана и лекот ксанакс, кој се користи за проблеми со нервоза.

Во крвта е откриено и присуство на флексерил, лек за опуштање на мускулите и бенадрил, кој се користи за алергија.

Во извештајот стои и тоа дека музичката дива била пронајдена со лицето кон долу и дека на главата имала перика.

Поп пејачката почина на 11 февруари во хотел во Беверли Хилс.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...