ТОП ВИДЕО |
Thursday, 22 March 2012 16:27
Шоу Бизнис
Гвинет Палтроу неодамна во едно интервју изјави дека разговара со венчалниот прстен на својот татко затоа што тој го содржи неговиот дух.
Познатата актерка тврди дека често е во контакт со својот покоен татко Брус Палтроу. „Секогаш го носам неговиот венчален прстен. Ја чувствувам неговата љубов и често разговарам со него“, рече Палтроу во многу емоционалното интервју. Филмскиот продуцент Брус Палтроу умре во 2002 година на 58 годишна возраст по борба со рак на грлото. Гвинет за тешката болест на татко и го обвинува пушењето, но смета дека истата позитивно делувала на нејзината грижа за здравјето. „За тоа што живеам здрав живот проткаен со вистински вредности можам да се заблагодарам за смртта на татко ми. Се разбира дека повеќе од се би сакала да е жив, но многу работи разбрав откако умре тој“, додаде актерката. Гвинет од тогаш редовно вежба, се занимава со јога, избегнува јаглехидрати и се придржува до исхрана која одговара на нејзината крвна група. Кога татко и се разболел се обидела да ја промени и неговата исхрана, но тој тврдел дека таа храна има вкус на хартија. Нејзиниот познат маж, Крис Мартин со својот бенд Coldplay му посвети песна на Бруз од нивниот албум од 2005 година X&Y. Интересно е што ова не е прв актерката да зборува со духови. Имено, во 2006 година тврдеше дека нивниот дом во Лондон го опседнува духот на музичарот од 19 век, Адолфус Вајт, кој умрел токму во нивната куќа. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















