Saturday, 04 February 2012 10:02 Шоу Бизнис

Американец го тужи Еминем за девет милиони долари бидејќи, наводно ја украл неговата идеја за реклама...


Американецот Стивен Ли Пик поднел тужба вредна девет милиони долари против Еминем бидејќи, наводно украл негова идеја за реклама која ја снимил за "Крајслер".

Во судот во Њујорк е поднесена милионска тужба против Еминем за кражба на идеја. Стивен Ли Пик, кој во тужбата наведува дека е бездомник, тврди дека Еминем од него добил идеја за рекламата "Born of fire" на компанијата Крајслер која е емитувана 2011 година на Superboul.

Пик, наводно една вечер бил во друштво со Кристина Агилера со која разговарал за реклама која Еминем би требало да ја сними за "Крајслер". Пејачката подоцна го повикала Еминем и му го дала Пик на телефон, а потоа тој на раперот му ја дал идејата за рекламата.

"Сакам судот да ме награди со отштета од 9 милиони долари", пишува во тужбата. "Ја креирав рекламата, а не добив никаков надомест". Дали се глупости или не, на судот во Њујорк е предадена тужбата вредна 9 милиони долари.

Спорната реклама е емитувана на Супербол 2011 година, а тужбата на бездомникот не е првиот проблем со кој раперот се сретнал.

После емитувањето на оваа реклама, компанијата Audi го "препишала" концептот и ја употребила песната "Lose yourself" во својата реклама, по што раперот поднел тужба.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...