Monday, 14 November 2011 08:46 Шоу Бизнис

Кралицата на попот не дава баш често интервјуа, но кога го прави тоа или не кажува ништо или „клевети“ некого, а сега откри не баш убави детали за себе.


Мадона во интервјуто за декемвриското издание на списанието Harper's Bazaar рече дека, пред да стане ѕвезда, не посветувала многу внимание на својот изглед, па поради тоа имала прекар - „влакнесто чудовиште“.

„Момчињата во училиштето така ме нарекоа затоа што не бев една од оние кои со часови седеа пред огледалото. Често косата ми беше рабушавена, а не се ни депилирав често“, рече Мадона за списанието на чија насловна е со актерката од нејзиниот филм W.E. Андреа Рајсенбер.

Славната пејачка, чиј нов албум со нетрпение го очекуваат, вели дека на стрејт машките и не им била многу привлечна затоа што отсекогаш била поинаква.

„Мислам дека поради тоа се плашеа да ми пријдат. Секогаш бев своја и правев се онака како и кога јас сакав. Никогаш не бев девојка која се дотерува само за да му се допадне на некое машко.“

Мадона вели дека многу работи од средно училиште не се промениле, ако не ги сметаме беспрекорната фризура и секојдневната депилација, многу шминка и скапата гардероба.

„Суштината остана иста и денес себе се гледам како средношколка која баш не се вклопува во средината и која тера по свое. Мислам дека тоа некаде е и рецептот за успех.“

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...