Tuesday, 25 October 2011 12:26 Шоу Бизнис

Актерот Џони Деп и по повеќе од 20 години успешна кариера се чувствува малку неудобно поради својата слава. „Нешто не е во ред со луѓето кои се навикнуваат на славата“, изјави Џони Деп...


Џони Деп од ’80-тите години до денеска остана на самиот врв на актерската елита, некогаш беше склон кон афери и јавни испади, но откако со француската пејачка Ванеса Парадис доби две деца, потполно се смири: „Не сакам децата да ме доживуваат како ѕвезда, туку како татко“, објасни Деп во интервју за CNN.

Деп откри дека на снимањето на првиот дел на „Пиратите од Карибите“ сакале да го отпуштат затоа што не го разбирале шашавиот капетан Џек Спероу, но сепак станал еден од најпопуларните ликови на Дизни.

„Не разбираа што правам. Дизни се плашеше дека гледачите нема да разберат што Џек Спероу зборува“, вели Џони. „Би сакал уште да го истражам ликот на Спероу затоа што е многу забавен“, додаде. Иако зад него се филмски хитови какви што се „Дони Браско“ и „Заспаната долина“, Деп мисли дека изградил кариера на 20 години неуспех.

„Еден човек со кого работев пред многу години ми рече: ‘Знаеш, парите не ги менуваат луѓето, туку ги разоткриваат’. Иста е работата и со успехот“, заклучува Деп во интервјуто со CNN.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...