Monday, 01 August 2011 08:20 Шоу Бизнис

Пејачката Ејми Вајнхаус пред смртта почнала процес за посвојување на девојче...


Пред да умре, Ејми Вајнхаус наводно започнала процес на усвојување на 10 годишно девојче од Карибите, јавуваат американските медиуми. 27 годишната пејачка, позната по проблемите врзани за алкохолот и дрогата, сакала да стане старател на девојчето Даника Августин со која многу се зближила за време на својот престој на карипскиот остров Ст. Лучија.

„Таа веќе беше моја мајка. Така ја викав, а таа мене ме викаше ќерка. Се грижеше за мене и добро се забавувавме заедно. Ме сакаше и јас ја сакав неа“, рече Даника, чие семејство живее во сиромаштија. „Беше неверојатна личност, се радував на нашиот заеднички живот во Лондон. Ова е најлошото што можеше да се случи“, додаде девојчето.

Баба и на Даника, Марџори Ламберт, која води клуб во близина на вилата во која Ејми престојувала, вели: „Ејми ја сакаше Даника со сето срце. Не знам зошто баш таа од сите деца на островот и беше толку мила, но од моментот кога се сретнаа беа неразделни. По цели денови си играа, јаваа и шетаа по плажата рака под рака. Ме преколнуваше да и дозволам да ја посвои и да ја одведе во Англија. Но, беше подготвена да се пресели и овде за да и биде мајка.“



Бабата објаснува дека Ејми очајнички сакала дете. „Нема шанси да и се случеше тоа што и се случи ако Даника беше со неа“, вели. Додаде дека Ејми ја контактирала и мајка и на Даника, Надија Гермајне, која сама го одгледувала девојчето, додека таткото Вик Августин живеел во Германија. Ејми му се јавила и нему. „И заблагодарив што се грижи за Даника, а таа рече дека всушност е обратно, дека Даника се грижи за неа и дека не може да живее без неа. Бараше моја дозвола да ја посвои. И реков дека со мене е во ред, ако мојата мајка мисли дека тоа е добро“, рече Вик.

Бабата Марџори последен пат со Ејми разговарала пред неколку месеци. Вели дека пејчката лошо звучела. „Ми кажа на сите да им кажам дека набрзо се враќа овде. Беше многу добра личност, на сите сакаше да им помогне. Знам дека имаше проблеми во Велика Британија. Но, овде секогаш беше без дрога и нормална. Никогаш не се грижев кога Даника поминуваше време со неа“, вели бабата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...