10 факти за дијамантите кои не сте ги знаеле...
Без разлика дали ви се допаѓаат или не, дијамантите бескрајно фасцинираат. Доколку сте љубители на дијаманти прочитајте ги овие факти за да дознаете нешто повеќе за нив.
1.Употреба на дијамантите во најстарите времиња
Доколку прашате 100 луѓе на што помислуваат најпрво кога ќе го слушнат зборот дијамант, 99 ќе ви одговорат дека низ мислите им поминува венчален прстен. Вистината за употребата на дијамантите во најстарите времиња е со индустриски карактер, се употребувале за сечење, дупчење, острење и полирање.
2.Најцврста супстанца на Земјата
„Дијамантот е најцврстата супстанца на Земјата“-најчестата реченица на златарите кои се обидуваат да ве импресионираат со физичките особини на дијамантите доколку не ве плениле со својата убавина. Но за жал дијамантот не е најцврстиот минерал на Земјата, кој му е познат на човекот. Компресираните цели молекули на јаглеродот кои се наречени агрегирани дијамантски нанороди, се 11% појаки од дијамантот.
3.Дијамантски картел „De Beers“
„De Beers“ е единствената компанија која ископува дијаманти, ги продава и дистрибуира до саканата дестинација. Оваа компанија работи повеќе од 20 години од кога ги презеде сите операции сврзани со дијамантите, од ископување, преку брусење до дистрибуција. Но доколку сакате да купите дијаманти од „De Beers“ ќе мора да играте според нивните правила: Доколку купите дијаманти од нив не смеете да купувате дијаманти од други компании.
4.Од каде името „De Beers“?
Името на овој картел доаѓа од презимето на двајцата браќа Nicholas и Diederik De Beer на чија фарма бил пронајден дијамант.
5.Дали дијамантите се ретки?
Дијамантите биле ретки во минатото но сега не се. Процесот на екстракција на дијамантот е навистина мачен, но дневно се ископуваат многу тони нечисти камења кои подоцна со полирање и брусење стануваат дијаманти.
6.Дијамант со димензии на месечина
Во 2004 година е откриена дијамантска ѕвезда од 10 билиони трилиони карати. Космичкиот дијамант претставува парче од кристализиран јаглерод, и претставува компресирана срцевина на стара ѕвезда која порано светела како сонцето, но избледела и се смалила. Астрономите оваа ѕвезда ја крстиле Lucy по песната на The Beatles „Lucy in the sky with diamonds“. Според научниците, после многу време и сонцето ќе се претвори во иста таква ѕвезда.
7.Познати дијаманти
Ако дијамантите се ретки не значи дека нема исклучоци. Некои од најпознатите дијаманти се: 45-каратниот Дијамант на надежта (и неговото проклетство), мистичниот Koh-I-Noor дијамант, и најголемиот досега пронајден дијамант „Златен јубилеј“ со 546 карати.
8.Најпозната рекламна кампања
Најпознатата рекламна кампања за дијамантите произлегла повторно од компанијата De Beers под мотото „Дијамантите се вечни“.
9.Дијамантите всушност се лоша инвестиција
Бизнисот со дијаманти е исплатлив,но за купувачите е лоша инвестиција затоа што доколку купите дијамант, многу слаба е можноста да го продадете, заради финансиски причини.
10.Вештачки дијаманти
Идејата за изработка на вештачки дијманти не е нова. Од 1911 година научниците пронашле начин како да креираат синтетички дијаманти, како што е цирконот, меѓутоа цената на синтетските дијаманти не е многу висока.