Tuesday, 07 February 2012 16:13 Мода & Убавина

Top 10 најплатени модели за 2011 година...

10. Кандис Суанпоул - 2 милиони долари. 22 годишната русокоса од Јужна Африка е еден од најновите ангели на Викторија Сикрет. Кандис е рекламно лице на брендот True Religion...

9. Наталија Водјанова - 4 милиони. Рускиот модел има сопствена линија за долна облека Etam, исто така таа е рекламно лице на брендот парфеми Guerlain.

8. Каролин Марфи - приход од 4.3 милиони долари. Таа е рекламно лице на козметичкиот гигант Estée Lauder, има договор со Tiffany & Co., Tom Ford и др. Исто така, освен како модел, убавицата е и актерка.

7. Лара Стоун - 4.5 милиони долари. Промотивни договори со Versace, H & M, Prada и DKNY.Во есента на 2010 година, холандскиот модел стана лице на Calvin Klein Inc.

6. Дарија Вербови - 4.5 милиони долари. Полјакињата освои богатство откако потпиша договор со козметичкиот гигант Lancôme Paris. Таа е лице на брендот Stefanel, YSL, Versace и H & M.

5. Алесандра Амброзио - е исто така еден од ангелите на Викторија Сикрет. Таа влегува во десетте најплатени модели за 2011 година со приходи од 5 милиони долари. Освен со гиганти за долна облека, Амброзио има рекламни договори со Dolce & Gabbana, Moschino, бразилската бренд Colcci за спортска опрема и Carlos Miele jeans.

4. Адријана Лима - е бразилски топ модел и еден од ангелите на Викторија Сикрет. Со рекламни договори за долна облека и календар за брендот, како и учество на бразилскиот форум на модата. Моделот има приходи од 8 милиони долари.

3. Кејт Мос се наоѓа на третото место со 13.5 милиони долари. Со рекламни кампањи за Dior cosmetics, Vogue Eyewear, David Yurman, Rimmel и YSL.

2. Хајди Клум - е на второ место по приходи, со значителните 20 милиони долари. Германскиот супер модел значително ја зголеми својата банкарска сметка во изминатата година со најразлични телевизиски проекти и како рекламно лице на голем број козметички брендови. Иако убавицата заврши со 13 годишното учество во модниот гигант Викторија Сикрет, таа направи неколку успешни телевизиски емисии - Project Runway (за млади дизајнери), претстојните 20-епизоди од детско шоу - 'Seriously Funny Kids', како и Germany's Next Top Model (Следниот топ модел на Германија), кои исто така се одразија многу позитивно на нејзиниот банкарскиот профил.

1. Жизел Бундхен - со приходи од 45 милиони долари за 2011 година, води на листата за најпрофитабилен супер модел. Бразилката е рекламно лице за еден од најголемите светски брендови, како H & M, Dior и Versace.Како лице на шампоните Pantene таа придонесе за зголемување на продажбата во Бразил со над 40%. Значаен придонес кон состојбата на убавицата е и нејзината колекција летни влечки и сандали Ipanema, која ја создаде во 2001 година и од која само за 2010 година биле продадени над 250 милиони пара. Исто така Бундхен доби и дополнителен бонус за тоа што надоместоците и се исплаќаат во евра.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...