Ако се сомневате дека партнерот ве изневерува, еве како можете да дознаете дали сте во право...

1. Заработувате повеќе од него
Тоа ќе влијае на неговото его, но исто така може и да им наштети на вашата врска. Истражувањето од 2010 година, покажа дека мажите кои се зависни од приходите на жените, е 5 пати поверојатно да изневеруваат во однос на оние, кои заработуваат одвај толку колку партнерката.
2. Тој работи долго
Ако вашиот партнер работи толку долго што поминува помалку од 10% од времето со вас, шансите да ве изневерува се повеќе од 1:10. Според Британскиот институт за статистика, брачните двојки со деца поминуваат само 75 минути на ден заедно.
3. Сте живееле заедно пред да се венчате
Многу парови сметаат дека, ако живеат заедно пред да се венчаат, тоа ќе им овозможи подобро да се запознаат и на тој начин ќе си обезбедат поубав семеен живот. Сепак неодамнешната студија покажа дека паровите кои живеат заедно, а не се венчани, имаат поголема веројатнос за 40% да се изневеруваат од брачните двојки.
4. Неговиот татко или брат му имал вонбрачна врска
Научниците открија дека склоноста кон неверството е генетски определена. Истражувањата на Каролинскиот институт во Стокхолм пред 2 години покажа дека мажите, носители на одреден ген кој влијае на хормонот на приврзаност вазопресин, е поверојатно да имаат семејни проблеми и е помалку веројатно да се оженат.
5. Има брат близнак, кој изневерува
Ако е така, внимавајте да не го копира однесувањето на неговиот брат. Д-р Лин Черкас од болницата св. Томас во Лондон утврдила дека, кај еднојајчените близнаци веројатноста да изневерува е поголема за 200%, ако неговиот брат близнак има вонбрачна врска. "Многу близнаци имаат слични карактери и заеднички вредности, кои можат да бидат причина за тоа", истакнува таа.
6. Тој бил оженет предходно, а вие не
Научниците открија дека, шансите за опстанок на врската се помали, ако еден од партнерите претходно имал развод, но тоа е помалку веројатно, ако и двајцата партнери биле разведени пред тоа.
7. Тој е со помал коефециент на интелигенција од вашиот
Истражувањето на психолозите од Лондонската школа за економски и политички науки, покажа дека, колку попаметен е мажот, толку помалку е веројатно да ја изневерува на партнерката.