Monday, 27 June 2011 09:18 Занимливости

Измислување на јазик од ништо можеби изгледа како чуден начин за поминување на времето, но има добри причини за да се стори тоа. Луѓето создаваат јазици за научни, културни и уметнички цели: да ги проверат теориите за тоа како функционира мозокот, да им помогнат на луѓето да комуницираат, да ги „подобрат“ постоечките јазици или затоа што им треба нов јазик за книгата што ја пишуваат. Ова се 10 најдобри примери за измислени јазици...

 

10. Солресол



Измислен од Франсоа Судре во првата половина на деветнаесетти век, Солресол е пример за интернационален јазик: планиран, упростен јазик создаден со цел за да ја направи комуникацијата полесна ширум светот. Солресол е првиот таков јазик кој добил признание, но тоа што го направи уникатен е музичката основа: содржи само седум слогови, направени од имињата на музичката скала (до, ре, ми, фа, со, ла, си). Ова значело дека зборовите би можеле да се пишуваат со музичка нотација и дека јазикот би можел да биде комунициран со пеење. За жал, Солресол никогаш не профункционирал, иако има посветени фанови и ден денеска.

9. Квенја



Квенја е еден од најмалку двесетте измислени јазици користени од Џ. Р. Р. Толкин во неговата трилогија „Господарот на прстените“. Тоа е церемонијален елвски јазик и е најразвиен од сите јазици на Толкин. Всушност, Средната Земја е измислена поради Квенја, а не обратно. Толкин започнал да ги пишува неговите приказни за да го обезбеди својот јазик со богато историско минато.

8. Токи Пона



Според хипотезата на Сапир-Ворф, мислите и перцепциите на одредена личност можат да бидат обликувани со јазикот кој таа личност го зборува. Токи Пона јзикот е обид, базиран на оваа теорија, за да го упрости животот со користење на екстремно упростен јазик. Токи Пона има само 123 зборови, кои можат да бидат комбинирани за да се направат покомплексни зборив. Значи, „среќен“ во Токи Пона е „чувствува добар“, „алкохол“ е „луда вода“, а „геологија“ е „земја наука“. Иако е лесен за учење, јазикот има некои очигледни тешкотии при изразувањето на некои значења.

7. Лингва Игнота



Лингва Игнота бил првиот познат јазик направен од човек, создаден од германската опатица Хилдегард од Бинген во дванаесети век. Името значи „непознат јазик“ и веројатно бил употребуван како таен јазик од страна на Хилдегард и нејзините калуѓерки, иако точната причина останува нејасна. Хилдегард била вешт композитор, а зборови од јазикот често биле користени во нејзините музички композиции. Таа по себе оставила наследство од околу 1000 зборови, од кои повеќето биле религиозни или медицински термини.

6. Лаадан



Лингвистичкиот професор, др. Сузет Хаден, го создала Лаадан како друг тест за теоријата на Сапир-Ворф: во овој случај, да ја тестира идејата дека човечките јазици не се адекватни за женската експресија. Лаадан е создаен за да им дозволи на луѓето да изразуваат нешта во зборови кои на англиски можат да бидат постигнети само со јазикот на телото. На пример, реченицата може да содржи посебен збор кој индицира дека целата реченица е планирана да биде предупредување. Лаадан исто така содржи многу зборови за опис на емоции: тие се одделни имиња за емоција која значи „среќа за добра причина“ или „среќа без никаква причина“ и дури еден едниствен збор за изразување на чувството „се чувствувам лут/а без причина и ништо не може да се стори во врска со тоа“.

5. Њуспик



Њуспик бил создаден од Џорџ Орвел за неговата книга „1984“. Тоталитарноста на книгата била во процесот да се замени англискиот со Њуспик, планиран евентуално да го избрише англискиот во целост. Целта на Њуспик била да го „стесне распонот на мислата“: на пример, не ги содржи зборовите „слободен“ или „слобода“, така што идеата за слобода ќе стане литературно непомислива. Наместо создавање нови зборови, владата си дала за цел да ги уништи. Неколку зборови од Њуспик како двојномислење и недобро се земени во англискиот, каде обично се користат за да направат поента за нешто што се смета за тоталитаристичко.

4. Еночејн



Овој јазик се појавил во 16 век во серија книга од астрологот Џон Ди и пророкот Едвард Кели. Според Ди, тоа бил јазикот кој Бог го користел за да го создаде светот, што градиски „деволвирал“ преку времето за да стане библискиот хербејски на кој е напишан Стариот Завет. За нивна среќа, ангели ги научиле Ди и Кели да зборуват на овој јазик. Еночејн исто така доаѓал со азбука, која Ди и Кели ја искористиле за да ги напишат нивните книги кои се занимаваат со магичен практицизам. Модерните скептици имаат истакнато дека Еночејн има повеќе граматички сличности со англискиот отколку со било која форма на хебрејскиот. Сепак, јазикот станал повторно популарен во дваесети век и се уште се користи од некои окултисти денеска.

3. Е-Прајм



Уште еден јазик конструиран за да се направи филозофска поента. Е-Прајм е едноставно верзија на англискиот која ги забранува сите форми на глаголот „сум“ (е, бев, беше и т.н.) Според Алфред Корзибски, кој го промовирал јазикот во неговата книга од 1933 „Наука и нормалност“, Е-Прајм може да биде користен за да го изостри критичкото мислење и да ги направи идеите појасни. На пример, на Е-Прајмски не можете да кажете: „Тоа е ужасен филм“, туку мора да биде: „Не ми се допаѓа овој филм“. „Ти си во криво“ исто така е невозможно да се каже, туку мора да биде „Не се согласувам со тебе“. Поради ова, полесно е за зборувачите и слушачите да ги издвојуваат фактите од мислењата. Од друга страна, потешкотиите во Е-Прајм настануваат кога треба да се каже реченица од типот „Ова е цвеќе“ затоа што тогаш мора да биде „Англиските зборувачи ова го нарекуваат цвеќе“. Денеска Е-Прајм останува популарен, но повеќе како интересна мисла за вежбање за подобрување на јасноста.

2. Есперанто



Есперанто е најпознатиот интернационален јазик досега, со дури два милиони зборувачи ширум светот. Бил измислен кон крајот на деветнаесети век од полскиот доктор, Лудовик Заменхоф, кој сакал да стави крај на конфликтот помеѓу јазиците со обезбедување на заеднички јазик за сите. Целта на Заменхоф била јазик кој е лесен за учење и политички неутрален. Есперанто станал популарен по Првата светска војна, но бил потиснат во Полска за време на Втората светска војна, а многу здруженија кои го промовирале не ја преживеале војната. Денеска, најблиското нешто што го имаме до „интернационален јазик“ за кој Заменхоф сонувал е многу непростиот и ненеутрален англиски.

1. Клингон



Есперанто можеби има повеќе зборувачи, но Клингон е можеби најпознатиот измислен јазик од сите што постојат. Тоа е јазик на измислена воземјанска војничка раса во Star Trek филмовите и телевизиските серии. Клингон бил создаден од лингвист кој внимателно додал комплексни правила и звуци кои се ретки во човечките јазици. Друга можна потешкотија за секој кој сака да комуницира на Клинго е тоа што, како јазик базиран на вселената, му недостигаат многу човечки зборови. На пример, има неколку различни зборови за „борба“, но нема збор за „здраво“: најблискиот еквивалент на Клингон е „Што сакаш?“. Покрај овие предизвици, мал број на посветени зборувачи ширум светот можат да комуницираат течно на Клингон, а постојат и неколку преведи на Клингонски од драмите на Шекспир.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...