Saturday, 25 June 2011 08:36 Занимливости

Кај, четиригодишен овчар, едноставно не може да си ја „работи“ работата за која е предодреден уште од самото раѓање. Кај има фобија од овци...


Неговата сопственичка, Џејн Липингтон, вели дека Кај на некој начин има „подвоена“ личност. Инстинктите му велат да ги гони овците и да ги собира на исто место, но штом му се приближи на стадото или кога овците ќе се свртат кон него, се јавува страв и тој се повлекува.

И овците веќе сфатиле дека можат да го искористат оваа многу ретко чувство на супериорност над кучето, па тие го гонат него.

„Но, ако овците се свртат и тргнат во друга насока, тој ќе тргне по нив баш како вистински овчар. но, штом повторно се свртат кон него, тој пак бега“, раскажа Џејн која со сопругот Доналд води фарма. „Овците понекогаш знаат да бидат и агресивни ако им се причини дека нема ‘цврста рака’. Знаат да се однесуваат баш како некоја банда или војска и постојано се собираат во помали групации.“

Покрај неговата „маана“, госпоѓа Липингтон вели дека Кај не би го менувала за ништо. „Јас тоа го решавам така што ги потерувам овците напред и кога тие ќе тргнат и Кај тргнува по нив. Можеби е најлошото куче-овчар во цела Британија, но нема шанси да го дадеме. Тој е член на семејството.“

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...