Saturday, 18 June 2011 11:08 Занимливости

Вистина е дека се лигави и дека оставаат влакна на креветот, но способноста на кучињата секогаш да истераат по свое без предизвикување на конфликт, може да послужи како поука за сите нас, пишува Рајан Омира, автор на книгата "Паметно куче:животни лекции од најдобриот пријател на човекот"...


Иако не гледа ништо во тоа што ви ги џвака весниците, кои сеуште не сте ги ниту прочитале, неговата моќ да препознае некој кога е лут и веднаш да ја "релаксира" атмосферата, е далеку поголема од нашата способност да ги решаваме препреките и расправиите, вели Рајан, поранешен тренер на кучиња и новинар во магазинот за животни К9.

Лидерите меѓу луѓето обично својот авторитет го наметнуваат со конфронтација и сила на аргументот, додека лидер на кучињата е оној кој има најмногу трпение и кој најмалку е агресивен.

Кучињата се способни "жедни да ги превезат низ вода" своите сопственици, вели Омира, наведувајќи дека тие можат своите сопственици да ги убедат во тоа во што сакаат да тие да веруваат, само да ги избегнат проблемите.

"Кога ќе се вратам дома, и ја најде поштата изџвакана", сопственикот ведаш ќе го обвини својот пес кој, како и секогаш, ќе го погледне со тажни очи, а сопственикот ќе каже: "знае што направил, се чувствува виновен", објаснува авторот на книгата.

Тој не смета дека кучињата се способни чувствуваат вина, но затоа можат да препознаат кога нивниот сопственик е нервозен или незадоволен и да се однесуваат покорно, бидејќи знат дека тоа секогаш "пали".

"Кучињата кои предводат други кучиња ја имаат таа особина. Тие не одат да ги нападнат другите кучиња. Тоа се секогаш најмирните кучиња кои можат да истрпат неверојатна количина на малтретирање", наведува Омира, додавајќи дека тоа воглавно не е случај со човечките лидери кои мислат дека треба да викаат и да се закануваат со прстот за да го воспостават својот авторитет.

"Никогај неможе да се расправа во присуство на куче. Тоа е просто невозможно, бидејќи тој ќе се вмеша и ќе ја направи ситуацијата да стане помалку сериозна. Тој е брилијантен посредник", вели Омира, кој својата книга ја напишал во желба да дознае што е тоа во кучињата што ги прави најомилените животни на светот и што од нив можеме да научиме за да го подобриме своето однесување во општеството.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...