Monday, 13 June 2011 10:52 Занимливости

САД развиваат технологија за заобиколување на цензурата на интернетот, а администрацијата на Барак Обама го финансира "Интернетот во сенка" и системот на мобилна телефонија, пишува Њујорк Тајмс...


Иницијативата на администрацијата на Обама на некој начин е нова поддршка во одбрана на слободата на говорот и развојот на демократијата, како што со децении е долгата пракса на радиодифузијата во земјите со автократски влади преку "Гласот на Америка" и другите медиуми.

Последната иницијатива, меѓутоа, во целост зависи од создавање на одвоени патишта на комуникацува, истакнува њујоршкиот магазин.

Проектот вклучува и шарена група која е составена од дипломати, воени инжинери, програмери и млади дисиденти во најмалку десетина земји, а неговиот најсилен застапник е државниот секретар на САД Хилари Клинтон, чие министерство ги предводи овие напори.

"Гледаме дека се повеќе и повеќе луѓе во светот го користат интернетот, мобилните телефони и друга технологија, за нивниот глас да се слушне кога протестираат против неправдата и се стремат да ги остварат своите стремежи", изјавила Клинтот во одговорот на прашањето за проектот.

"Постои историска можност да се направат позитивни промени, промени кои Америка ги поддржува. Така да насочени сме на тоа да им помогнеме тоа да го направат, да им помогнеме меѓусебно да разговараат, да разговараат со нивните заедници, влади и целиот свет", рекла Клинтон.

Стејт департменот го финансира создавањето на невидливата безжична мрежа која би им овозможила на активистите да комуницираат надвор од контролата на владата како што се Иран, Сирија и Либан.

Напорите на развивањето на овие технологии вклучуваат проекти за создавање на тајни независни мрежи на мобилни телефони, во странските земји, како и операција, која како во шпиунските романи, се води од спрат на зграда во Вашингтон каде група млади инжинери, обичен хардвер го претвара во прототип "Интернет во бизнис торба", истакнува весникот.

Финансирана со два милиони долари од Стејт Департменот торбата би можела да биде тајно пренесена преку границата и брзо да овозможи безжична комуникација на широко подрачје и конекција со глобалниот интернет.

Напорите за развивање на нови комуникациски технологии, се добиле откако египетскиот претседател Хосни Мубарак во последните денови од своето владеење ја прекинал интернет врската, наведува весникот и потсетува дека сириската влада во послендите неколку дена исто така привремено ја блокира употребата на интернет кој помага при мобилизирањето на демонстранти.

Вклучените во развојот на проектот, меѓутоа, предупредуваат и на одредени опасности, како што е можноста од следење и лоцирање и апсење на активистите кои ја користат оваа технологија или едноставно да бидат фатени кога се обидуваат да ја пренесат преку граница. Но потенцијалното позитивно влијание ги надминува ризиците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...