Сите сакаме факти - посебно историски и тоа оние историски кои се нови за нас. Ова е листа на 15 факти, кои, веројатно не им се познати на повеќето. Од античко време до рани модерни времиња, ова се работи кои не се учат во училиштето...

1. Свети Симеон Столпник бил монах кој се здобил со слава во 5 век затоа што поминал 37 години стоејќи на мала платформа на висок столб во Сирија. Тоа го сторил од аскетски причини, а неговиот пример подоцна го следеле многу други светци.
2. Во Првата династија од антички Египет, многу послуга и членови на семејството биле заѕидани со телото на мртвиот крал. Луѓето и животните кои биле закопани со кралот требало да му помогнат на истиот во задгробниот живот.
3. Во 1927 година Ото Роведер го измислил лебот на парчиња. Тој ја направил првата машина за сечење на леб и добил патент за тоа. Само шест години после тоа, повеќе се продавал лебот на парчиња отколку несечениот леб.
4. Во 1911 година, плетенките биле забранети во Кина затоа што биле гледани како врска со нивното феудално минато.
5. За да се спасат од напорот да пловат со бродови спроти течението на реката, трговците од Месопотамија граделе бродови за една употреба со кои пливале по течението на реката со магаре на бродот. На крајот од патувањето ја продавале стоката и кога ќе завршеле со работа се качувале на магарето и се враќале дома.

6. Во антички Рим, казната за убивање на сопствениот татко била да бидеш удавен во вреќа заедно со змија-отровница, куче и петел. Која била причината зад тоа не е познато.
7. Александар Македонски измислил техника за шпионирање која се користи и ден денешен: тој им кажувал на своите војници да напишат писма за дома, а потоа ги пресретнувал и ги читал за да дознае кој е против него.
8. Во Губио, северна Италија, секоја година се одржува трка уште од 12-ти век - а резултатот секогаш е ист. Селаните носат три статуи во трката, на свети Убалдо (во чија чест трката започнала), свети Антонио и свети Ѓорѓи. Секоја година свети Убалдо е прво место, свети Ѓорѓи е второ место, а свети Антонио е последно место.
9. Кога анастетикот бил употебен за прв пат при пораѓање во 1847 година, мајката била толку воодушевена и ослободена од тоа колку безболно било раѓањето што детето си го крстила Анастезија.
10. Последниот пат кога се употребила коњаница во војна било во Втората светска војна. Монголска коњаница тргнала против германската пешадија. Резултатот? Ниту еден германец не бил убеан, а 2.000 монголци го изгубиле својот живот.

11. Пругастиот (grid) layout кој се употребува во многу градови ширум светот не е нов пронајдок - прв пат се појавил во градот Мохенџо Даро, во Индија, пред 4.500 години. Куќите од страна на улицата имале голи ѕидови за да се заштитат од сонцето и прашината.
12. Првата полицајка била Алис Стебинс Велс која се придружила на службата во 1910 година. Затоа што таа била првата (и единствена) полицајка, таа си ја дизајнирала својата сопствена облека.
13. Во 1700-те во Париз, жените носеле шапки со громобрани закачени кога биле на отворено за време на лошо време. Ептен лоша идеја.
14. Околу 3100 - 3050 година пред наша ера Египет бил управуван од првиот фараон - Крал Менес. Се вели дека тој бил првиот човечки владетел, кој тронот го наследил од богот Хорус.
15. Горгија (3 век пред наша ера), грчки софист, бил роден во сандакот на неговата мртва мајка. Носачите на сандакот го слушнале како плаче додека го носеле сандакот на мајка му во гробот.