Saturday, 04 June 2011 12:11 Занимливости

Многу! Но, има и такви кои можат лесно да си го дозволат...


Анонимен купувач во петокот платил 54.000 евра за две шишиња шампањско старо 200 години извлечено од остатоците на брод од дното на Балтичкото море.

Купувачот од Сингапур платил рекордна цена од 30.000 евра за шише шампањско „вев клико“ и 24.000 евра за шише „жиглар“.

Се верува дека се работи за најстарите зачувани шишиња од истоимените произведувачи на шампањско.

Аукцијата била одржана на Оландските острови, помеѓу Финска и Шведска, затоа што нуркачите минатиот јули во близина на тие острови ги открија остатоците од бродот товарен со пива и шампањско.



Професионалците процениле дека бродот веројатно пловел меѓу северна Германија и западниот брег на Финска кога во првата половина на 19 век потонал.

Нуркачите затекнале 145 зачувани шишиња во остатокот од бродот на длабочина од 50 метри, кои биле во потполн мрак и на постојано ниска температура. Тоа е, судејќи по се, главната причина поради која пијалакот останал во добра состојба.

Во товарниот брод имало 94 шишиња „жиглар“ чиј произведувач одамна престанал да постои, 46 шишиња „вев клико“ и четири шишиња „хајдиск“.

Џон Капон од аукцијската куќа Аквер, Мерал и Кондит, која ја организираше лицитацијата, рече дека купувачот на овие алкохолни реткости добил и „дел од историјата“.

„Овие шишиња потекнуваат од периодот на Наполеон, а тоа нешто навистина непроценливо“, рече Капон.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...