Friday, 03 June 2011 11:58 Занимливости

Дали некогаш сте страдале од болеста која се вика sphenopalatine ganglioneuralgia? Можеби и сте страдале. Посебно ако сте љубител на сладолед и ако не знаете како правило се јаде овој освежувачки летен десерт...


Кога брзо и во големи залаци го јадеме или лижеме сладоледот, се случува набргу да почувствуваме главоболка која доведува до грчење на крвните садови. Нив ги активира ладнотијата на ледениот десерт. Последица е главоболка која потсетува на тоа што обично се нарекува мигрена - грчење на крвните садови што го забавува протокот на крвта.

Што би можело да се стори за да се спречи ваков вид на главоболка? Нема никаков посебен лек. Доволно е само побавно да го јадеме сладоледот и да го користиме јазикот, дозволувајќи сладоледот да се растопи на него. Доколку станува збор за сладолед во корнет или на стапче, побавно да го лижеме. Не да го гриземе, не да го голтаме, едноставно да уживаме во него.



Се советува сладоледот да го „намалуваме“ полека, со врвот на јазикот, но не да ја употребуваме горната усна, за да ја избегнеме најбрзата врска со мозокот. Тие кои страдаат од главоболка предизвикана од брзото лижење сладолед велат дека оваа болка може да се „излечи“ така што со палецот силно ќе ја претиснеме горната усна. По една минутка, болката, наводно, ќе се намали.

Лесно е да се дават совети, но на сладоледите тешко е да им се одолее. Не само кога ќе почнат топлите денови, и не само надвор. На пример, дури 19% од американците тврдат дека сладоледот, без разлика на годишното време, го јадат исклучиво во креветот, а 3% во бањата.



Сладоледот од ванила е најомилен во САД. Следи чоколадата, а дури потоа се на ред овошните сладоледи. Интересно е тоа што првиот американски претседател Џорџ Вашингтон толку многу сакал сладолед што едно лето направил огромна сметка само за тоа што сам го изел: 200 долари. Да знаел дека еден ден во Канзас со закон ќе биде забрането на пита од вишна да се става кугла сладолед, веројатно не би останал рамнодушен. За среќа, тој закон е укинат.

А за сладоледната главоболка би можеле да го обвинуваме и римскиот император Нерон кој наредувал од врвовите на планината да му носат лед за да го меша со сок од цедено овошје. Изгледа дека никаде не е сочуван податок колку оваа страст кон ладниот десерт му штетела на гласот на Нерон.



Затоа што, како што е познато, најголемата желба на императорот била да биде пејач. Нешто како денешните оперски пејачи или, дури, и рок ѕвезди. Имајќи во увид дека концертите на императорот биле неподносливи за слушачите, многу е јасно дека сладоледот не им правел услуга на гласните жици на Нерон. Посебно бил познат по раздразливоста. Тој сигурно не го јадел сладоледот бавно!

Што се однесува до Кинезите кои знаеле за сладоледот многу пред венецијанскиот мореполовец Марко Поло да дојде во нивните краеви во 13 век, тие секако познавале некој лек против сладоледната главоболка. Медицината била едно од полињата во науката со кое тие одлично владееле. Како и гастрономијата покрај другото. А бидејќи биле познати и како мислители, можеби знаеле дека е добро сладоледот да се јаде бавно?



Се чини дека најголемата вина за сладоледната главоболка е на италијаните, од 19 век најпознати по уметноста на правење сладолед. Покрај се, во оваа земја постои и факултет на кој се изучува припремање на ледени десерти со најразлични вкусови на кои е тешко да им се одолее.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...