Friday, 03 June 2011 10:01 Занимливости

Луѓето секојдневно се венчаваат, но и се разведуваат. Би биле големи романтичари кога би се обиделе да ги затвориме очите преку тој очигледен секојдневен факт што не опкружува, меѓутоа има такви приказни пред кои едноставно не можеме да ги затвориме очите, колку и да сме романтични. Ова се 10-те неверојатно откачени разводни приказни...

1. Парот кој се повторно се венча по 57 години развод



Пар од Источен Јоркшир во нивните 90-ти повторно се венчал - откако пред тоа бил разведен 57 години. Лесли Харпер, 93 години, и Елси, 90 години, од Дрифилд, прво стапиле во брак во 1941 година, но се разделиле неколку години подоцна и двајцата се венчале со други луѓе. Дури кога и двајцата ги загубиле партнерите кога господин Харпер собрал храброст да стапи во контакт со неговата поранешна жена, што довело до повторно соединување. Госпоѓа Херпер рече: „Многу подобро е овој пат. Се смееме секој ден.“

Парот, кој има една ќерка, се развел во 1954 година. Тие го обвинуваат притисокот од службата на господин Харпер во војната за прекинување на нивниот брак. Одвај се гледале се до 2004 година. Господин Харпер вели: „Нешто во мојот ум велеше ‘зошто не одиш да се видиш со Елси?’“. Ова довело до повторен сојуз меѓу нив и повторно се венчале во Бридлингтон во саботен ден. Госпоѓа Харпер рече дека кога повторно се сретнале „едноставно кликнале како никогаш да не биле разделени во животот“.

2. Војникот кој открил дека жена му го изневерила благодарение на Нинтендото



Американски војник го искористил Нинтендото за да открие дека неговата жена била со друг маж додека тој служел во Ирак. Војникот, познат едноставно како Тони, тврди дека го открил неговиот заменик пребарувајќи ја историјата на игрите на Нинтендото по неговото враќање. Тој се вратил по една година во Ирак поради известувања од пријателите дека неговата жена се гледа со некој друг. Таа тврдела дека еднаш само бакнала друг маж. Тони тврдел дека го изневерувала со професионален куглар. Тони го имал Нинтендото со него во Ирак, но го испратил дома кога му рекле дека смее да се врати.

Тоа било клучно, затоа што кога се вратил дома открил дека има нов лик со профил направен на неговото Нинтендо. Секој лик обично имал сличности со карактеристиките на играчот. Кога поминал низ карактеристиките видел дека тој лик не бил создаден од него. Тој рече дека ликот бил изненадувачки сличен на мажот со кој се претпоставувало дека жена му го изневерува. Откако се осигурил, Тони ја оставил жена му и поднел барање за развод.

3. Сопругот кој ја оставил жената затоа што бил присилен секој ден да јаде торта



Сопруг ја оставил својата жена откако го присилила да јаде торта за секој оброк. Ченг Ју рече дека во почетокот бил среќен поради благите честења, но сега само споменувањето на зборот торта е доволен за да му се слоши. „Торта од јајца, овошна торта, чоколадна торта. Се чувствував како корпа за отпадоци во пекара“, вели тој. 31 годишниот од Пекинг и се заканил со развод на 27 годишната Тиан Меј ако оваа не престане да пече торти.

4. Жената која се развела од сопругот откако мајка му дошла на медениот месец



Нормално е паровите да имаат проблеми со родителите на партнерот, но во главно тие не започнуваат на медениот месец. За несреќа, не е таков случајот на една италијанка, Маријана, чиј сопруг ја донел мајка му на нивното патување за меден месец во Франција. Невестата очигледно не знаела дека нејзината нова свекрва планирала да оди на одмор со нив; таа едноставно се појавила на аеродромот во Рим, чекала да биде прегледана од обезбедувањето и се качила на авионот со несреќниот пар. Збеснатата млада невеста му рекла на сопругот да ја прати мајка си назад дома, но маминото сичне одбило, наведувајќи здравствени причини.

36 годишната жена поминала три недели во Франција, а потоа побарала развод затоа што нејзиниот сопруг покажал „претерана емоцинална поврзаност“ со неговата мајка. Парот од Рим се венчал во црквена церемонија минатиот месец по 12 месечна врска. Маријана од тогаш го напуштила својот роден дом во Неапол.

5. Египетскиот пар кој се развел по пат на SMS



Жена од Каиро едноставно му ја спуштила слушалката нејзиниот сопруг, војник во египетската армија кој бил на должност, откако се скарале по телефонот. Таа го игнорирала неговиот повторен повик, не сакајќи да ја продолжи расправијата. Електронскиот звук од новопристигната SMS порака го најавил неговиот одговор. „Се разведувам од тебе“, напишал нејзиниот сопруг. „Ова ќе те научи да не ми креваш кога ти се јавувам.“

Следело помирување, само за да биде прекинато од друга расправија, оваа околу тоа што жената го молела нејзиното семејство да им се меша во проблемите. „Се разведувам од тебе“, напишал сопругот во друга порака. „Не викај други луѓе да се мешаат во нашите работи.“ Повторно помирување. Повторно расправија. И уште една изјава за развод од сопругот, овој пат лице во лице.

Исламскиот закон го прави чинот на развод неверојатно лесен за мажите, иако финанскиските погодби кои следуваат не се баш толку лесни. Маж треба само да ја прогласи жената за Inti Talaq (Разведена си) три пати, и да го мисли тоа, за да го заврши нивниот брак.

Парот повторно сака да се смири, но не е јасно дали всушност се разведени. Нејзиниот сопруг ја сака повторно назад, вели жената, но религиозните школарци со кои се консултирала и рекле дека таа е разведена во очите на бог и дека ќе му се врати како немажена жена. Но, ако таа одбие да се врати, а судот ги оцени SMS пораките како неважечки и нејзинот брак недопрен, може да ризикува да го изгуби правото над нејзиниот млад син.

6. Младата невеста која се развела до нејзиниот 62 години постар сопруг затоа што ТАА не можела да го следи неговото темпо



Не е толку невообичаено кога слушаме дека стар, богат маж се оженил со убава жена доволно млада да му биде внука. Тоа што е необично е кога се разведуваат затоа што таа не може да го следи неговото темпо. Тоа и се случило на Кристин Жоржи, 22 годишна русокоса која се омажила со 84 годишниот дедо-богаташ Џо Харди.

Изобилниот животен стил не можел да ја надмине некомпитабилноста на новиот пар. Жоржи рече дека тие се развеле затоа што животот на Харди бил пребрз за неа, не поради разилката во годините. Парот го објавил нивниот развод во август 2007 година, а бил потврден од судија во април 2008. „Се прашуваат ‘Зар не беше чудно?’“, вели Жоржи. „Навистина не беше затоа што тој беше многу млад во срцето. Па, беше многу тешко за мене да држам темпо со него... Кога се качуваш на сопствен џет по 10-ти пат и се за само четири дена - Европа беше лудница - а на секое место бевме по ден и половина. Беше премногу подвижен за мене“, вели Жоржи.

Жоржи вели дека ја напуштила врската со нешто пари, но верува дека големината на спогодбата ја поткрепува. Жоржи рече дека барањата на толку луксузен живот и ја одзеле нејзината прва љубов, велејќи дека го бира нејзиниот син Метју наместо бракот.

7. Жената која поднела документи за развод затоа што нејзиниот сопруг не сакал да носи долна облека



24 годишна романка поднела документи за развод затоа што нејзиниот сопруг одбивал да носи долна облека. Емес Наги, која живее во малото село Лемниа, била мажена за нејзиниот сопруг Тамас само година дена. Пред церемонијата таа не била свесна за одбивноста на нејзиниот иден сопруг да носи долна облека. Во почетокот Емес рече дека не и пречело тоа што на нејзиниот сопруг му недостасувала облека, но почнала да се нервира кога другите жени почнале да зјапаат во нејзиниот сопруг затоа што знаеле за неговата интересна навика.

Пред судијата Тамас Наги рече дека ја сака жена си и дека не сакал развод. „Но, нема да носам долна облека воопшто дури и ако навистина се разведе од мене. Долната облека ме прави да се чувствувам многу неудобно“, додава тој.

8. Жената која се развела од сопругот затоа што блуел во садовите



Жена од Нигерија побарала развод од нејзиниот сопруг кој имал навика да повраќа во нејзините садови за готвење откако ќе се опиел. Олувакел Огундел му рекла на судот дека нејзиниот сопруг Олувафеми бил пијаница кој ги напушил сите етикети поврзани со тоалетот и и повраќал на чиниите и садовите.

Гспоѓа Огундел рече дека повеќе не го сакала нејзиниот сопруг и дека не успевал да заработи за семејството, а покрај тоа двојно ја зголемувал работата околу садовите. Господин Огундел ги порекна обвинувањата за алкохолот, но призна дека повеќе немало љубов меѓу нив.

9. Жената која се развела од својот сопруг откако ја изгубил на облог



Русин ја изгубил својта жена во игра карти откако ја ставил за облог наместо пари. Андреј Карпов од Мурманск му снемало пари во игра покер и ја понудил својата жена на својот противник наместо пари за да остане во играта. Кога изгубил и неговиот противник Сергеј Бродов се појавил да го земе тоа што му припаѓа, неговата жена Татјана многу се изнервирала и била толку лута што решила да се разведе од својот сопруг и да започне врска со Бродов.

Од тогаш таа веќе се омажила за Бродов и вели дека не жали што го напуштила сопругот. Таа вели: „Беше понижувачки и бев многу засрамена. Но, кога мојот поранешен сопруг го стори тоа знаев дека морам да го напуштам. Сергеј беше многу згоден, шармантен маж и многу сум среќна со него, дури и покрај тоа што ме ‘доби’ на покер игра.“

10. Мажот кој се развел од жената бидејќи сакала премногу секс



Очаен турчин кој живеел во Германија се обратил до полицијата за заштита од незаситните барања за секс од жена му, велат надлежните. Мажот дошол во неговата локална полициска станица во југозападна Германија велејќи дека спиел на софата во последните четири години за да избега од канџите на неговата жена со која бил во брак 18 години и која била мајката на нивните две деца.

„Сега тој одлучил да се разведе и да се исели... со надеж дека конечно ќе се одмори, особено затоа што сака да оди на работа добро одморен. Во моментов тоа е невозмжно затоа што тој вели дека неговата сопруга постојано доаѓа во дневната соба барајќи од него да ги заврши своите брачни должности. Тој ја побарал помошта на полицијата за да може да се наспие малку навечер.“

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...