Wednesday, 01 June 2011 14:17 Занимливости

Домот е место каде што се чувствуваме најпријатно, нешто кое го чувствуваме блиско и во кое можеме слободно да се опуштиме и мирно да спиеме. Секој сака совршено уреден дом, и најчесто го уредуваме според наш вкус и нешто што му дава личен печат на тоа место на живеење. Меѓутоа, некои луѓе очигледно имаат или се превознемирени карактери или имаат некоја своја болна смисла за хумор. Погледнете ги 10-те највознемирувачки декорации на домови...

1. Рачки за фиоки и креденци од делови од кукли

Рачки за фиоки и креденци направени од поединечни делови од кукла. Додека фиоките и креденците изгледаат доволно пристојни, нивните рачки се, во најмал случај, надвор од контекстот, освен ако не сакате да замислувате дека живеете во бебешка касапница.



2. Мебел со анатомска текстура

Ова веројатно е кул за на некој саем за мебел, но сигурно не е баш пријатно да се седи на фотелја која шематски го има прикажано крвотокот на човекот или пак дигестивниот систем.



3. Хитлер-тепихот

Веројатно многу луѓе би сакале да си ги избришат чевлите од главата на Адолф Хитлер, а сега изгледа дека имаат шанса да го направат тоа со Хитлер-тепихот. Тепихот е дело на израелскиот уметник Боаз Арад кој се надева дека ќе покаже дека Холокаустот го исплашил Израел, но дека бил и погрешно употребен. Тој вели дека тепихот претставува што ќе се случи ако ловец на нацисти фати водич на нацисти.



4. Човечки мебел

Се разбира, не станува збор за вистински делови од човек, туку за мебел дизајниран од Димитри Самал кој наместо вообичаените потпирачи и даски, има такви што потсетуваат на човечки нозе.



5. Плочка со бебешко лице

Замислете да и се наоѓате во една поголема просторија со стотици и стотици плочки со лик на бебе кое се презева. Вознемирувачко, зар не?



6. Свеќи кои крварат

Направени се од два слоја на восок (бел однадвор и црвен одвнатре), овие свеќи кои крварат изгледаат совршено нормално кога не се запалени. Но, запалете ги и запазете какво чувство ве обзема кога црвениот восок ќе почне да тече по површината создавајќи ефект на крварење.



7. Ламбата на проколнатите

Оваа ламба всушност претставува маса од украси во облик на луѓе, испревртени и замрзнати во измачуваки позиции, замислени за опис на луѓето кои нема да бидат помилувани. Но, и покрај религиозните коментари, сепак е мрачна, драматична и вознемирувачка за поседување во домот.



8. Морбидно огледало

Ова е дизајн на француската компанија Domestic. Замислете секое утро да се будите и да се погледнувате во огледало во форма на кружна пила. Хоророт е загарантиран.



9. Крвава крпа за бришење

Преплашете ги вашите гости кога ќе влезат во вашата бања со крвавата крпа за бришење. Морбидна, застрашувачка и навредлива, крвавата крпа е совршена во комбинација со крвавата завеса за туширање. Одлични за секој љубител на хорор филмовите.



10. Маса за кафе во форма на мртовечки ковчег

Загрижени сте дека не размислувате многу често за смртта во вашиот секојдневен живот? Таа грижа ќе ја надминете со масичката за кафе во форма на мртовечки ковчег. Сепак, и покрај морбидниот изглед, може да ја врши секоја улога што вообичаена маса за кафе би можела да ја има.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...