Thursday, 05 May 2011 09:42 Занимливости

Во пештерата Алтамира, на северот од Шпанија, откриени се цртежи кои ги насликале праисториските луѓе пред 25.000 години, соопштиле денес регионалните власти...


Црвените цртежи со коњи и човечки раце, кои случајно ги откриле археолозите, додека барале знаци на древни населби, настанале веројатно во исто време како и некои од најдобрите праисториски слики кои се откриени во пештерата Алтамира во 1879 година.

"Тоа беше случајно откритие. Иако цртежите беа тешко забележливи затоа што беа доста пропаднале, искуството ни помогна да ги препознаеме", рекол археологот Диего Гарате за агенцијата Ројтерс.

Првите хомо сапиенси пристигнале во северниот дел на Шпанија во мали групи, пред околу 35.000 години. Тие живееле заедно подолго време со неандерталците и развиле значајна култура, позната под името Горен Палеолит, кога правиле алати од камења и ги украсувале ѕидовите на пештерите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...