Tuesday, 19 April 2011 12:19 Занимливости

Сите знаат дека учителите ја имаат можеби најодговорната професија од сите, бидејќи работат со живи суштества кои „примаат“ се што им се послужува...

Учителите треба да бидат учтиви, мили, професионалци и пред се добри педагози. Меѓутоа, ваквите начини на однесување од страна на некои учители праќаат информации во сосема поинаков правец и се толку погрешни што со сигурност може да се каже дека влијаат негативно врз учениците. Погледнете ги десетте најлоши учители во светот...

1. Учителката која устата на својата ученичка и ја залепила со селотејп за да престане да зборува

Мајка на ученичка во основното училиште Бровард се вознемирила кога нејзината 13 годишна ќерка и рекла дека учителката и ја залепила устата со селотејп. „Си дојдов дома од тежок ден на работа за да слушнам дека устата на ќерка ми била залепена со селотејп против нејзина волја“, вели Лија Фрил. Џезлин Фрил оди во ново ренесансно основно училиште. Таа вели дека нејзината учителка и ја залепила устата со селотејп. „Ми рече да престанам да зборувам, а потоа по неколку минути, јас повторно почнав да зборувам, а таа дојде и ми ја залепи целата уста со селотејп“, вели Џезлин. „Морав да се искашлам, па го извадив селотејпот од устата, па затоа таа пак отиде до нејзиното биро и повторно го зеде селотејпот и пак ми ја залепи устата.“ Џезлин вели дека учителката исто така ја залепила со селотејп устата на друг ученик, па одишле до администрацијата. Според 13 годишната ученичка, учителката „ми рече да го држам селотејпот на устата, и ми рече дека тоа што се случи во училницата да остане во училницата, и дека сето тоа било само шега.“ Лија рече дека отишла во училиштето и и било речено дека учителката ќе биде отпуштена. „Се надевам дека истото тоа нема да им се случи и на други ученици“, рече мајката.

2. Учителката која објавила еротска книга со некои од нејзините ученици како ликови

Учителка по англиски јазик била отпуштена откако напишала мрсен роман со детали од секуалните фантазии на нејзините ученици-тинејџери. Леонора Рустамова била суспендирана од нејзиното работно место што предизвика масовните демонстрации од страна на учениците и кампањата од страна на родителите за нејзино повторно враќање. Но, по дисциплинско сослушување, одговорните одлучиле да ја отпуштат учителката. Приказната се појавила на веб страница за самопубликување. Иако се тврди дека се е плод на фантазија, во книгата се појавуваат пет автентични ученици-тинејџери од средното училиште Калдер од Западен Јоркшир. Романот содржи пцовки, содржи бегање на учениците од часови, има посочувања дека учениците флертуваат со учителите и неколу учители, вклучувајќи го и директорот, Стивен Бол, и има ученици кои испуштаат часови, крадат мобилни телефони и се самозапалуваат. Еден ученик е опишан како фантазира и флертува со 39 годишната госпоѓица Рустамова, додека таа ќе стори се за насмевка од овој другиот. Таа пишува: „Стануваше се потешко и потешко да ги гледам како само деца.“ Подоцна таа го опишува во романот како тинејџерите вежбаат „оргазмичко стенкање“, што звуки како „музика од тинејџерско порно“.

3. Учителите кои претставиле танцување во скут за време на училишен настан

Децата видеото го нарекуваат „Двајца учители, еден стол“, и ги има сите елементи за хит на YouTube. Но, училишните администратори и родители тешко дека нашле хумор во деталниот танц во скут снимен на видео помеѓу двајца учители во натрпевар во танцување во средното училиште Черчил во Винипег. Двајцата учители, од кои едниот бил идентификуван како инструкторката по физичко Кристи Фичнер, биле пратени дома без исплата по полетниот танц пред 100 ученици од кои некои имале само по 13 години. Рутината започнала со тоа кога учителката седнала на столот и ги раширила нозете, а учителот и се доближил и почнал да игра според битовите и доближувајќи ја својата глава дури и меѓу нозете на учителката. По повеќе од 5 секунди од рутината, учениците од деветто одделение од кикотење преминале во зјапање во своите многу строги учители во неверица. „Прво се смеевме, а потоа помисливме дека малку претераа.“ Но, тоа продолжило уште понатаму. Учителката ја зафрлила главата наназад, а учителот продожил да игра над неа. Имало плескање по задникот и други работи што не се за очите на учениците. Тогаш учителот ја наведнал главата меѓу нозете на учителката и стимулирал орален секс. тоа морало да биде интересно за на час.

4. Учителката на замена која на учениците им кажала дека Дедо Мраз не постои

Учителка била банирана од забавиште откако им рекла на децата дека Дедо Мраз не постои. Учителката на замена им рекла на учениците во забавиштето Блекшо Лејн во Ројтон, Олдхем, дека нивните родители им ги оставиле подароците на Божиќ, а не Дедо Мраз. Неколку родители се жалеле на главната учителка во забавиштето, која веќе го имала прифатено извинувањето на извесната учителка. Но, главната учителка Анџела Мекормик им рекла на агенцијата дека не сака извесната учителка повеќе да работи во нејзиното училиште. После тоа, госпоѓа Мекормик им пишала на родителите и на седумгодишните деца да им се извини во врска со случајот.

5. Учителката која по грешка им дала домашен порнич на петто одделенци

Едно одделение петтоодделенци во Калифорнија добиле шокирачки курс за љубезноста на птиците и пчелите од нивната учителка, Кристал Дефанти, и експлицитен домашен порнич што случајно го вклучила во DVD-то со сеќавања од училницата. Грешката не била забележана се додека DVD-то не им било доставено на учениците и нивните семејства. Родители од Сакраменто велат дека жената е добра учителка што направила невина, но ужасно засрамувачка грешка. Навредливото DVD почнува со мени на кое има најразлични училишни екскурзии и активности. Со кликнување на еден избор од менито гледате деца како разменуваат приказни. Тогаш тие почнуваат да ракоплескаат, а видеото се префрла директно на секс. Учителката се јавила во домот на едно семејство на кое било испратено DVD-то и почнала да се извинува хистерично и да плаче неутешно, барајќи од мажот и жената да се јават на другите родители и да им забранат на децата да го видат DVD-то. Локалните одговорни во училиштето го испитале случајот, но учителката, која е многу сакана и почитувана, не ја изгубила својата работа.


6. Учителката која ја сликала фризурата на својата учиеничка и ја ставила на фејбук за да ја исмеваат со своите пријатели

Учителка ја фотографирала фризурата на својата седумгодишна ученичка за да може да ја постира на фејсбук за да може да ја исмеваат фризурата на девојчето со своите пријатели. Укаиља Лофтон, ученичка во забавиштето Овертон во Чикаго, се појавила на денот на сликањето во училиштето со Jolly Rancher бонбони заврзани за нејзините локни откако стилот го видела во едно списание. Нејзината учителка по информатика ја замолила ако може да позира со нејзините локни за нејзе велејќи и: „Маж ми нема да поверува во ова.“ Таа вечер таа ги постирала сликите од мобилниот на нејзината фејсбук страница со порката: „Значи така! Ова е сликата на денот.“ Друг родител кој бил пријател со учителката на фејсбук и рекол на мајката на Укаиља, Лусинда Вилијамс, дека сликите од девојчето се на фејсбук страницата на учителката и дека луѓето ја исмевале фризурата на ќерка и. Таа исто така ги снимила двете слики и коментарите на CD. Госпоѓа Вилијамс, која е фризерка, рече дека нејзината ќерка ја молела да и ги направи локните така како што таа сака. Таа ги прикачила бонбоните со еластични стегачи и рече дека нејзината ќерка била многу возбудена за одење во училиште за да може да ги покаже.

7. Учителката која ги испрскала учениците кои мириселе на кари со освежувач за соба

Учителката Елизабет Дејвис ги испрскала учениците од Азијско потекло што наутро мириселе на кари со освежувач за соба. Госпоѓа Дејвис била обвинета за „понижување“ на децата со возраст меѓу три и шест години со тоа што употребила аеросол врз нив на нејзиниот час. 48 годишната учителка им рекла на децата од Бангладеш кои мириселе на лук и кари: „Сега ќе почувствувате рајски мирис“, пред да ги напрска со освежувач за воздух. Дејвис, која има 20 годишно „искуство“, исто така ги напрскала учениците кои ќе испуштеле гасови, кои ќе ги измиле рацете со некој сапун што не мирисал така како што таа сакала, а кога биле мокри ги терала да стојат на весници за да се исушат. Дејвис работела во забавиштето Свонси Хафод, каде повеќе од 260 деца биле со потекло од Бангладеш. Подоцна била скратена од нејзииот годише приход од 34.000 фунти за „заштита на деца“.

8. Учителката која удирала момче со лепило додека неговиот палец не се раскрварил

Учителка нападнала ученик со посебни потреби со Pritt Stick лепило раскрварувајќи му ја раката. Линда Меј го повредила 12 годишното момче откако тоа удрил по клупата со лутина додека го употребувал лепилото. Таа го зела Pritt Stick-от од него и почнала да го „треска“, се додека не му го раскрварила палецот. „Јас чукнав со мојата рака по клупата, а тоа чукна на нервите на учителката“, изјави ученикот со посебни потреби. „Госпоѓица Меј се разбесни и почна да ме треска по прстите. Ме трескаше со лепипото по прстите и на палецот. Се обидував да си ја извлечам раката. Но, таа продолжи да ме треска по прстите и палецот.“ Меј се извинила откако го удрила детето, вели момчето. Учителката, ги одбива обвинувањата за повредување и навреда на ученикот.

9. Учителката која ја уапсиле поради предавање во пијана состојба

Учителка од Калифорнија, Тоња Неф била уапсена поради предавање во училница во пијана состојба. Неф, 47 години, била уапсена откако училишната администрација ја контактирала полицијата да и каже дека Неф „покажува знаци на предавање под влијание“ во кампусот на основното училите Торо Кањон во градот Термал, во јужна Калифорнија. Кога полицијата престигнала, за Неф се грижела училишната сестра. Полицијата верува дека таа зела препишани апчиња во комбинација со алкохол. Поради нејзината ситуација, Неф била однесена во болница на третман, пред да биде затворена во затвор. Таа се соочила со можни обвинувања од страна на родителите на децата. Училиштето велат дека таа никогаш не била закана за своите ученици, но веќе не предава во тоа училиште, каде што била помалку од една година.

10. Учителката која ја закачила апликацијата за работа во McDonald's за лошите тестови

Учителката по математика по грешка апликацијата за работа во McDonald's ја закачила за тестовите оценети со единица. Дали ова е добро или лошо учење, вие треба сами да пресудите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...