Thursday, 14 April 2011 11:50 Занимливости

Близнаци се раѓаат при секоја 9-та бременост. Веројатноста жената да има близнаци е 3%...


Таа се зголемува со возраста и е најголема кај 40 годишните. По тоа се намалува.

- Двојајчените близнаци се од две јајце клетки, оплодени од два сперматозоиди. Тие почесто се среќаваат од еднојачните и е можно дури и да не се слични. Може да се еднополови и од двата пола различни.

- Еднојајчените близнаци се од една оплодена јајце клетка која се развила на два плода. Задолжително се од ист пол и во повеќето случаи само најблиските ги разликуваат.

- Најчесто двојајчени близнаци се раѓаат од црната раса - на 1000 раѓања по 50 случаи. При монголоидната раса се забележува токму обратната тенденција. Кај кинезите односот е 20 случаи на 1000 раѓања. Белите жени раѓаат приближно исто број на еднојајчени и двојајчени близнаци.



- Кај жените-вегани, кои не се хранат со какви било производи од животинско потекло, шансата за раѓање на близнаците е многу помала.

- Месноста, каде што живее семејството, можно е да влијае на тоа дали ќе се родат близнаци или само едно бебе. Научниците сметаат дека во индустриските зони се најѓаат најмалку близнаци.

- Во Индија постои "село на близнаци". Во него живеат повеќе од 70 парови близнаци кои се зголемуваат со секоја година. Се уште нема научно објаснување на феноменот. Жителите на селото велат дека ова дело е на богот Рам кој имал близнаци.

- Во Бразил пак Кандидо ГОдо е градот на близнаците. Процентот на раѓањето на две бебиња е 10%. Речиси половина од нив се еднојајчени. Трендот се следи уште од почетокот на 20 век, но причината не е одгатната.



- Постои вештачки град создаден на близнаци - Туинзберг во Охајо. Секоја година близнаци од целиот свет се собираат таму на фестивал.

- Во 2008 година германско семејство доби близнаци со различна боја на кожата - бел и црн. Таткото е Германец од Потсдам, а мајката е од Гана, Западна Африка.

- Идиоглосија е јазикот на близнаците. Тие градат сопствена комуникација, со со растење и со социјализацијата во општеството се заборава.

- Податоците покажуваат дека во САД во 2000 година бројот на раѓањето на близнаци се зголемил за 74% во споредба со 1980 година. Тоа се објаснува со појавата на нови методи и лекови за лекување на неплодноста, со зголемениот број на жените, породување по 30-годишна возраст, како и со повеќето процедури ин витро.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...