Tuesday, 12 April 2011 15:54 Занимливости

Општо правило кое треба да го имате на ум кога сурфате на интернет е дека ако нешто звучи предобро за да биде вистинито, тогаш веројатно станува збор за некаква измама...

Во последните неколку години најголемата светска социјална мрежа е полна со сомнителни пораки и лажни рекалми кои изложиле милиони фејсбук корисници и нивни пријатели на спам. Ве советуваме да бидете внимателни и да одолеете на искушението да отворите нешто што изгледа предобро за да не биде хит вест во сите весници. Голема веројатност е дека се работи за злочуден софтвер. Ова се 10 најчести измами од кои треба да се чувате.



1. My Total Facebook Views (Целосни фејсбук прегледи)
Фалењето со бројот на пријатели кои ги имате на фејсбук не е доволно за вас. Сега морате на сите да им покажате колку луѓе го гледале вашиот профил. Оваа апликација тоа го овозоможува, но од вакви егзибиционисти се бара да исполнат кратка анкета и да и дозволите на апликацијата пристап до податоците во вашиот профил. Откако ќе го направите тоа, злочудниот софтвер се шири низ вашиот кориснички акаунт. Како и во секоја друга анкетна измама, им овозможувате на преварантите да си ги наполнат џебовите.

2. Фејсбук "phishing" страници
Еден од највообичаените начини вашиот фејсбук профил да стане компромитиран се едноставните "phishing" измами. Тие работат на тој начин што хакерот влегува во профилот на некој корисник и кој тој профил го корисити за автоматски да постави линкови на ѕидовите на пријателите на тој корисник. Понекогаш тој состав ќе прати пораки со содржина како што е „Погледнете ја оваа смешна слика од вас!“, со линк кој ќе ве однесе на лажна фејсбук страница за пријава. Оваа измама е прилично едноставна и лесно е да се избегне, меѓутоа, голем број корисници паднале на неа. Најлесен начин да ја забележите измамата е да го погледнете URL-то, односно адресата на страницата на која ќе дојдете. Најдобар начин да се заштитие секогаш кога ќе видите фејсбук страница за пријава, напуштете ја и напишете www.facebook.com на својот пребарувач. Така можете да бидете сигурни дека сте се пријавиле на вистинската страница.

3. Koobface црв кој автоматски ви го краде профилот
Иако фејсбук интензивно работи на спречување на овој црв, тој се уште се шири. Измамата е прилично едноставна. За време на нападот корисникот ќе прими порака која наводно е од еден од неговиоте пријатели. Пораката е во стилот на „Парис Хилтон исфрлила џуџе на улица; Мораш да го видиш ова!!! Мојот пријател го фатил цело случување со скриена камера“ и слично. Со оваа порака ќе има линк на страница која изгледа како видео на YouTube. Ако кликнете на видеото ќе ви биде понудена опција да го „update-ирате вашиот Flash player“ и ќе побара од вас да симнете датотека во која се наоѓа Koobface црв. Ако ја симнете датотеката и ја инсталирате, вашиот компјутер автоматски ќе се логира на фејсбук и ќе прати слична порака на вашите пријатели. Најдобар начин да ја избегнете оваа измама е да ги избегнувате сите невообичаени линкови кои ќе ги најдете на својот ѕид или во порака. Исто така, никогаш не симнувајте датотека откако ќе кликнете на некој линк.

4. FarmVille измами
Играчите на фејсбук ги обожаваат додатоците внатре во игрите. Ако сте загрижен обожавател на FarmVille бидете на штрек затоа што неколку злочудни апликации се имаат појавено на фејсбук во последно време. Некои познати се English Stars Sheep, Kung Fu Duck и Visit England измами. Начинот на кој можете да дознате дали овие апликации се измами е да поминете со глувчето преку линкот. Ако упатуваат на фејсбук страници или апликации кои не се поврзани со FarmVille, тогаш се работи за измама.

5. Огласи за IQ квиз
Фејсбук во последните години се обидува да го намали бројот на преватантски реклами. Меѓутоа, фактот е дека некои корисници се уште се во заблуда и ги користат услугите кои навистина не ги сакаат. IQ квизот е измама која стана сеприсутна на фејсбук страницата, а тие кои инсталираат апликации можат да очекуваат да наидат на тој оглас. Кога ќе кликнете на еден од овие огласи ќе бидете преусмерени на страница на која од вас се бара да одговорите на 10 релативно едноставни прашања. За да ги видите резултатите од квизот, морате да го впишете вашиот број на телефон, што се разбира е голема грешка. Вашата телефонска сметка веднаш ќе биде оштетена за 10 долари месечно од тој момент. Немојте да дозволите тоа да ви се случи и не внесувајте го бројот на телефонот на страници надвор од фејсбук.

6. See Who Viewed Your Profile (Видете кој ви го гледал профилот)
Тие кои уживаат во следењето на тоа кој ги гледал на фејсбук или очајни фраери кои скаат да знаат кои девојки им ѕиркаат на страницата би можеле да паднат на оваа измама. Сепак, било кој напреден корисник на фејсбук знае дека е спротивно на нивната сигурносна политика да дознаете кој ви го гледа профилот. Затоа, заборавете ги апликациите кои ви ја нудат таа можност.



7. Измамата Western Union
Сутфате по фејсбук и одеднаш добивате порака од еден од вашите пријатели во која ве известува дека заглавил во странство, ограбен, без лична карта и дека му треба пари да се врати дома. Ова е страшна ситуација, но кои се шансите да најде компјутер за да ви прати поракаа, а не нашол телефон да ви се јави? Без обѕир што се уште сакате да му помогнете на пријателот, можете да избегнете да ве измамат барајќи од пријателот да ви се јави како да му ги пратите парите. Освен ако не е среде амазонска прашума, би требало да може да ви се јави. Поголемиот број пати кога ова се случи значи дека мулијаторот го украл профилот на вашиот пријател па сега систематски ја пребарува неговата листа на пријатели за да им земе пари. Немојте да паднете на тоа.

8. Facebook Grant Award (Фејсбук награда)
Чувајте се од било која фејсбук порака во која пишува дека сте добиле парична награда во фејсбук наградна игра (Facebook Grant Award). Електронската порака ги наведува корисниците да ја превземат својата награда со кликање на линк. Тој ги преусмерува на лажна веб страница која се обидува да ги измами да пратат пари или да им дадат лични информации на некои хакери. Користете ја главата. Ако фејсбук дели награди, нели мислите дека некаде би ја прочитале таа вест во некој достоен медиум?

9. Дечко ја убил својата девојка
Иако многу се потпираат на својата фејсбук страница за да ги прочитат актуелните весни, зар не мислите дека има нешто чудно во тоа што вашиот пријател промовира сосед кој ја убил својата девојка на фејсбук? Кликот на ваква лажна вест праќа слични спам пораки на вашите пријатели и се обидува да ги навлече корисниците на низа анкетни измами. Опаметете се и избегнувајте ги ваквите наслови.

10. Други злочудни апликации и линкови
Тоа што се запознавте со највообичаените начини за имами на фејсбук не значи дека сте безбедни. Хакерите и мулијаторите константно ги унапредуваат своите стратегии за да ги украдат вашите шифри или да ги ви превземат профилите. Најдобро е секогаш да бидете на штрек кога ќе видите чудни линкови на својот профил или во порака, и избегнувајте го симнувањето на било какви датотеки кога тоа се бара од вас. Иако многу измами на фејсбук се безопасни за вашиот компјутер, важно е да се заштитите од вируси и црви. Некои фејсбук апликации употребувале алатни траки за да заработат од своите производи. Некои од тие алатни траки ќе нанесат значајна штета на вашиот компјутер. Клучната работа е да бидете внимателни секогаш кога ќе видите нешто сомнилтелно. Ако паднете на една од овие измами, веднаш сменете ја лозинката на фејсбук!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...