Saturday, 09 April 2011 19:10 Занимливости

Да имате 20.000 фунти вишок (околу 1 милион македонски денари) веројатно не би размислувале долго што да направите со нив...

Исти случај бил и со сопственичка на куче од Велика Британија која тие пари ги потрошила на венчавката на своето куче. 32 годишната Луис Харис повилака 80 гости на венчавањето нанејзината Лола, јоркширска териерка и Магли, кинеско кукмасто куче. Инаку, Магли има титула за најгрдото британско куче.



Само просторот за церемонијата чинел над 2.500 фунти, а венчалниот фустан 1.000 фунти. Лила имала и огрлица од 395 фунти. Венчавката на Лола го испланирал професионалец (за 395 фунти), а целата церемонија ја чувле телохранитали што чинело уште 395 фунти.



Луис Харис освен Лола има уште два јоркширски териери, од кои еден бил деверушата. „Моите кучиња се моја гордост и радост, затоа ништо не е доволно добро за нив. Уживам да ги разгалувам затоа што тоа ме усреќува“, рекла Луис, пишува Orange.co.uk.

Сопственичката на Лола добила стотици понуди за местото на младоженецот од кои ги избрала шесте најдобри. Останатиот избор бил на Лола која, на изненадување на Луис, го избрала Магли.



„Морам да признаам дека кога отидовме да ги запознаеме не мислев дека Магли ќе и се допадне на Лола. Таа е дива и ја сака својата облека и накит па мислев дека ќе избере куче кое е повеќе како неа“, рече Луис. „Но, велат дека спротивностите се привлекуваат. Заедно си играа цел ден и се чини дека уживаат да бидат заедно“, додаде таа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...