Wednesday, 06 April 2011 19:46 Занимливости

Марија Хосе Кристерна, 35 години, попозната како жена-вампир го подигна терминот "body art" на едно сосема поинакво ниво. Ова што го постигнала со интервенција во својот изглед ги шокира сите кои ќе ја погледнат...

Мексиканската тату-артистка и школуван адвокат го покажа својот застрашувачки изглед на тату-изложба која се случи пред неколку дена во еден мексикански град.



Тврди дека за тетовирање се одлучила откако била составно злоставувана во својот дом.

„Тетовирањето за мене беше слобода. Моето семејство е изразено католичко. Одев во католичко училиште, се заљубив и венчав на 17 години, градев кариера. Сакав работите да ги правам на правилниот начин“, вели Марија.



Но, како што вели, постојаното физичко насилство дома ја донело до тоа да се одлучи да се тетовира. И тоа не само малку, туку речиси 100% од своето тело.

Освен тетоважите, Марија има и бројни пирсизни по лицето, но и нешто ново: вградени рогови на главата како и вградени вампирски заби.



Марија, која е мајка на четиригодишно дете, тврди дека живее нормален живот.

„Роговите кои ги вградив се симбол на силата, а вградени се без анастезија. Вампирските заби ги вградив затоа што отсекогаш ги сакав приказните за вампири. И бојата на очи ја сменив во таква каква што отсекогаш посакував“, рече Марија.



Додаде дека ова не е нејзиниот конечен изглед, затоа што уште планира да вгради рогови на задната страна од главата.

„Тетовирањето е мојот начин како да се биде бесмртен, како да се биде вампир и засекогаш да се живее“, изјави Марија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...