Monday, 04 April 2011 10:20 Занимливости

Среќата сепак, според некои мислења може да се купи со пари. Колку и да е чудно за многумина, резултатите од новото истражување ја демантираа старата поговорка дека не е така...


Жителите на богатите земји се посреќни отколку жителите на сиромашните земји пишува во извештајот на економистите Бетси Стивенсон и Џастин Волферс од институтот за претприемништво на Универзитетот во Пенсилванија, соопштува Daily Telegraph.

Новото истражување е спротивно на претходно објавените резултати, кои покажуваат дека највисоко ниво на приходите не го прави населението повеќе среќно.

Но Стивенсон и Волферс се категорични дека колку поголемо е бруто домашниот производ на една земја, толку поширока е насмевката на нејзините жители.



Професорот Ричардсон Естерли, кој низ 1974 година прв истакна дека приходот и чувството за среќа не се поврзани меѓу себе, коментира за британскиот весник дека очигледно ова прашање треба дополнително да се истражува.

Во новиот извештај не се споменува колку среќа може да се купи со една фунта. Не се споменува и тоа дали во врска со падот на доларот човек може да си купи полесно среќа во САД, коментира Daily Telegraph и заклучува дека можеби најдоброто го рекол Спајк Милиган (ирски литератор и музичар): "Со парите не можеме да си купиме среќа, но со нивна помош можеме да направиме своите страдања повеќе пријатни".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...