Thursday, 24 March 2011 01:39 Занимливости

Острилките за моливи се многу едноставен, а сепак многу практичен изум. Се дружат со нас во текот на целиот училишен период, на работа во канцеларија, а на дамите им помагаат и при острење на креонот за очи. Меѓутоа, вакви острилки за моливи никогаш не сте виделе, а верувајте некои навистина ќе ви прираснат за срце...

1. Острилки за моливи во форма на мачиња
Острилките за моливи во форма на мачиња се симпатични, а сепак многу функционални. Одличен додаток во домот или во канцеларија за љубителите на мачки, со корисна и забавна функција. Ги остри моливите побрзо отколку што мачката си ги остри канџите.



2. Острилка за молив во форма на нос
Ставете молив во овој 6.4 сантиметри долг пластичен нос, потоа свртете го и моливот ќе излезе чист и остар.



3. Роботската острилка за молив
Роботската острилка за молив е кул играчка. Овој робот се движи малку откако ќе го наострите вашиот молив и сите го сакаат. Тој е одличен мал подарок или додаток за подарок и одлична играчка за вашата работна маса за малото дете во сите нас. Роботот е висок околу 4 инчи, и доаѓа со кул кутија за подароци и е одлична острилка за моливи исто така.



4. Острилка за молив Жив мртовец
Оваа острилка за молив наречена Жив мртовец е глава од кукла и треба да го пикнете моливот во окото на куклата за да го изострите. Има мало копченце на вратот од главата што го остри моливот, а остатокот го вади преку устата на куклата.



5. Остилка за молив Кака
Ова е острилка за молив која ќе ве насмее, секогаш кога ќе посегнете по неа за да го изострите вашиот молив. Острилката е во форма на кученце кое „кака“ кога го острите моливот. Навистина забавно!



6. Дрвен iPod мини звучник со интегрирана острилка за моливи
Додека овој мини надворешен звучник за iPod и други mp3 плеери не значи дека дрвените звучници ќе влезат во секојдневната употреба на интернет, секако е интересно што доаѓа со целосно интегрирана острилка за моливи.



7. Остилка за моливи во форма на стегосаурус играчка
Овој сребрен стегосаурус оди кога го острите вашиот молив од неговото стомаче. Ако немате моливи, можете да го навивате со неговото копче. Неговата глава се полни со остатокот од острењето и е лесно за чистење. Овој диносаурус е испириран од популарната јапонска играчка од 1950 година.



8. Гумичка за бришење и острилка за моливи во форма на хамбургер
Немојте да бидете залажени, затоа што овој хамбургер всушност е многу корисна острилка за моливи. Оваа острилка може да остри просечни моливи и поголеми моливи. Горниот дел од „хамбургерот“ се вади каде што има две мали гумички за бришење. Многу забавно и дефинитивно играчка од која ќе почнат да ви кркорат цревата на училиште!



9. Уништувач на хартија и остилка за моливи во форма на слонче
Уништувачот на хартија и остилката за моливи во форма на слонче е одличен забавен подарок! Идеален за рендење на сметки од кредитни картички и друг вид на хартија. За сите фанови на Twilight серијалот: Бела Свон има исто такво слонче на нејзината работна маса во филмот Twilight!



10. Електирчна острилка за моливи во форма на куче
Ако барате пријателско домашно или канцелариско куче тренирано за острење на моливи за нула време, конечно го најдовте. Никогаш не лае! Тивко седи на вашата работна маса и само гледа во вас спремно за работа. Никогаш не јаде! Работи на 4 АА батерии.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...