Домашниот лек на мајката против егзема се претворил во бизнис вреден 100.000 фунти годишно...

Кога била малечка, егземата на Лула Балмонд била толку лоша што таа морала да биде преврзувана секоја вечер за да може да спие.
А кога детската болница Great Ormond Street рекла дека сакаат да ја задржат ќерка и за уште додатни две недели, мајка и Натали, била на работ од паметот.
Па, во очај таа направила свој лек во сопствената кујна - и функционирал!
Лула сега има 14 години, и кремот, комбинација од релаксирачки масла и растенија што сега е достапен на NHS, и помага на госпоѓа Балмонд и нејзиниот бизнис да заработуваат дури до 100.000 фунти годишно (повеќе од 7 милиони денари).

Госпоѓа Балмонд, 43 години, вчера изјави: „Да развијам сопствена медицинска крема беше последното нешто што ми паѓаше на памет. Животот со егземата на Лула стана неподнослив. Нормалниот живот беше невозможен. Кожата и беше толку разранета што често плачеше пред да заспие. Сепак, иако посетивме различни доктори и специјалисти, дури и ја променивме исхраната на Лула и почнавме да користиме кинески растенија, ништо што ќе препорачаа не помагаше.“
Госпоѓа Балмонд почнала да се загрижува, сметајќи дека сите тие третмани и прават повеќе лошо отколку добро на ќерка и.
„Многу од кремовите содржеа силни стереоиди што болеа кога Лула ги нанесуваше и јас станав многу загрижена за потенцијалните далекусежни странични ефекти“, вели таа.
Натали одбила кога Great Ormond Street и предложиле да продолжат со третманот со стереоиди кога егземата на Лула била најлоша на три годишна возраст.
Просветлувањето на госпоѓа Балмонд дошло кога една пријателка и дала книга за растенијата. Госпоѓа Балмонд која живее со нејзиниот сопруг Марк, 46 годишен актер, во Бритон, почнала да ги проучува растенијата кои ги ублажуваат проблемите со кожата.
Кога кремот бил направен во кујната на госпоѓа Балмонд, таа го нанела на кожата на Лула, која воопшто не се противела и и годело. За неколку денови госпоѓа Балмонд забележала дека ќерка и почнала да се лечи.
„Разликата беше огромна, Лула беше како друго дете, нашите животи беа променети целосно.“
Муабети за лекот почнале да се шират. „Еден ден една пријателка ме праша дали може да го испроба на кожата на нејзиното дете“, вели госпоѓа Балмонд. „Кога функционираше и на неговата кожа, таа им кажала на други пријатели.“
Не поминало многу време пред госпоѓа Балмонд, тогаш обична домаќинка, да почне да работи ден и ноќ за да направи доволно крем за да излезе во сосрет со побарувачката.
Од тогаш таа се ортачила со бизнис партнер за да го продава Skin Salvation, кој чини 6.30 фунти мало кутивче, кое може да се купи онлајн или во аптеки. Нејзиниот бизнис, наречен Pure Potions, сега заработува повеќе од 100.000 фунти годишно.

Госпоѓа Балмонд има две други ќерки, Ели, 17 години и Ајда, 8 години. Лула сега има 14, а кремот Skin Salvation е достапен на рецепта.
Госпоѓа Балмонд вели: „Кога го формулирав кремот мислев само на Лула и на тоа таа да може мирно да спие навечер. Бев сосема изненадена кога пријателите го пробаа и пресреќна кога и за нив функционираше. Но, никогаш не знаев колку една обична крема може да ги смени нашите животи од корен.“