Monday, 07 March 2011 11:40 Занимливости

Бележник стар 350 години во кој се документирани судења на жени обвинети за вештерство во Англија за време на 17 век е објавен на интернет...

Бележникот е напишан од Немија Волингтон, англиски пуританец, во кој се раскажува за судбините на жените обвинети за имање врска со ѓаволот во времето кога Англија била вмешана во горчлива граѓанска војна.

Документот ги открива деталите за судењата за вештерство одржани во Челмсфорд во јули 1645 година, кога повеќе од сто осомничени вештерки биле затворени во Есекс и Сафолк, како што кажува Волингтон.

„Многу од нив на своја волја и без никакво присилување или потчинување слободно признаваа дека направиле завет со ѓаволот“, пишува тој. „Некои христијани беа убивани од нивните лошотии.“

Од 30 жени кои биле судени во Челмсфорд, 14 биле обесени.

Волингтон исто така раскажува за искуствата на Ребека Вест, осомничена вештерка која признала дека спие со ѓаволот кога била мачена, затоа што „се најде себеси под такво ексремно измачување и запрепастување што не посака тоа да продолжи дури ни во замена за светот.“ Нејзиното признавање ја поштедило.

Карол Бароус, кој го менаџирал дигитализирањето на бележникот, во четвртокот кажа за Reuters дека дневникот на Волингтон бил важен поради неговата поврзаност со граѓанската војна.

„Тоа е личен бележник и ни кажува многу за времето, а тоа биле тешки времиња“, вели таа. „На англиски е и е многу лесно да се чита, па ќе биде во интерес на широка публика, како и на учениците“, додава таа.

Манускриптот е еден од седумте преживеани бележници на Волингтон. Тој напишал 50 дневници за религијата, граѓанската војка и судењата за вештерство за време на неговиот живот.

Тим од универзитетот во Манчерстер поминале две недели фотографирајќи го бележникот за да го направат достапен на интернет.

Бележникот, сосема бесплатно, можете го погледнете ОВДЕ. 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...