ТОП ВИДЕО |
Friday, 04 March 2011 16:00
Занимливости
Одамна имаме сфатено дека битката со прашината е бесконечна и дека невозможно е да ја добиеме. Но, решавањето на мистеријата за тоа од каде доаѓа и што ја сочинува можеби ќе може делумно да не утеши...
Додека лесно си лебди во воздухот на зраците од сонцето, ја прекрива секоја површина и создава мистериозни купишта под креветот, безброј пати сме се прашале од каде доаѓа целата таа прашина? Истражувањата покажаа што ги создава честичките прашина и дали тие претставуваат опасност за здравјето. Повеќе од 60% од прашината потекнува од надвор - ја прават честичките од земјата и воздухот. Преостанатиот дел го прават честичките од ткаенината и тепихот, но и изумрените клетки на човечката кожа. Според тоа, прашината е една многу разновидна смеса, а тешко е да се спречи токму поради причината што доаѓа од сите страни. Можат ли честичките да бидат опасни по здравјето? Со обѕир дека поголемиот дел потекнува однадвор, можни се честички на опасни супстанци какви што се оловото и арсенот да влезат во домот преку облеката. Тие можат понекогаш да бидат опасни за децата и личности со потешкотии на дишните патишта, поради разни алергии и ослабен имунитет. Најдобар начин за избегнување на внесување на опасните честички во вашиот дом е оставање на облеката надвор од просториите во кои престојувате и да ги сместувате во ормари за облека. Така ќе го избегнете нивното разнесување по собата. А за најефикасно бришење на прашината, користете ткаенина од микрофибер затоа што таа најдобро ги задржува во себе честичките и едноставно се одржува - со миење во вода. Исто така, редовно користете правосмукалка за наслагите прашина да ги држете на најмало можно ниво. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















