Monday, 28 February 2011 19:04 Занимливости

Иако во текот на длабок сон многу пати се свртуваме, истражувањата покажаа дека положбата во која најчесто спиеме односно во која се чувствуваме најудобно во креветот може да го открие нашиот карактер како и психолошките особини. Дознајте во која група вие припаѓате...


Положба на фетус
Положбата во која лежите на страна со собрани нозе и рацете наместени под главата открива личност со силен карактер која сака контрола. Но, исто така, оваа положба ја открива и вашата чувствителна и срамежлива страна која се обидувате да ја скриете од другите.

Положба на страна 1
Личности кои сакаат да потонат во сон свртени на страна со испружени раце и нозе се забавни и сакаат излегување и дружење. Отворени се за комуникација и сакаат да запознаваат нови луѓе како и да се дел од групните активности.

Положба на страна 2

Сите кои сакаат да лежат на страна со лесно свиткано тело и раце испружени напред се личности кои сакаат да го сокријат својот вистински карактер. Отворени се за комуникација, сакаат да подаруваат и не сакаат предрасуди. Имаат смисла за хумор која понекогаш може да излезе малку цинична, но кој ги познава знае дека тоа не е намерно.

Строга положба
Личности кои најчесто спијат испружени на грб всушност се многу мирни и го сакаат својот мал свет во кој живеат и добро функционираат. Многу се резервирани и имаат високи сопствени очекувања и стандарди, но исто така и од другите.

Слободна положба
Ако сакате да заспиете на стомак со рацете под перницата значи дека сте многу искрена личност која сака да го изнесе своето мислење за другите зад кое цврсто стои. Сакате да бидете во центарот на вниманието, што понекогаш може да изгледа по малку наметливо. Не сакате критики, ниту напнати ситуации. Малку сте несигурни во себе.

Раширена положба
Положбата во која личноста лежи на грб со раширени или подигнати раце опишува вистински пријател. Таквите личности сакаат внимателно да ги сослушат туѓите проблеми и да помогнат доколку можат. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието, па со тоа не сакаат ни да доминираат. Со смирен карактер се и сакаат да се дружат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...