Monday, 28 February 2011 14:16 Занимливости

Заборавете ја големината, обликот и бројките кога станува збор за вашето тело. Не се важни мерилата за оние кои ја пропагираат големината, туку тоа што навистина го имате и со што можете да се гордеете. Еве пет минимални причини поради кои своето тело треба да го доживеете како совршено...


1. Вашето срце е достојно за восхит
Иако звучи како клише, вашето срце е навистина неверојатен орган. Отчукува прилично педесет илјади пати во ден, што значи дека за една година отчукува повеќе од неколку милиони. Во текот на животот неколку илјади литри крв поминуваат километри низ вените. Според тоа, ниедна современа машина не може да се спореди со него кога станува збор за беспрекорна работа. А за чувствата кои е во состојба да ги доживее, тие се посебна вредност која ја има вашето срце.

2. Мозокот е неверојатна машина
Милиони клетки кои управуваат со вашите движења, чувства, мислење, коорцинација на сите други органи и многу други функции, извршуваат одлична работа. Мозокот во текот на животот собира повеќе податоци отколку што ги содржат големите национални библиотеки. Во споредба со компјутерот, во мозокот можат да се сместат милиони бајти податоци. Според тоа, не е ни чудо што мозокот црпи 17% од целата енергија која телото ја троши. Работата на мозочните клетки може додатно да се подобри со физички активности, затоа што со зголемениот протек на крв низ мозчните клетки се зголемуваат менталните процеси.

3. Посебните делови на телото
Секој има дел од телото кој му се допаѓа, со кој сме задоволни и кои не би сакале да го менуваме. Без разлика дали се тоа долгите прсти, малите стапала, рамната коса, висината, ушите... само треба да се концентрирате на оние делови поради кои се чувствувате добро, за да ви го разубават секој ден и да ви ја зголемат самодовербата. А знаеме дека самодовербата е тоа што придонесува до целокупниот изглед.

4. Гледајте се себеси со туѓи очи
Ситните неправилности на лицето, влакненцата, асиметричноста и сличните поединости на вашето тело ги забележувате само вие. Затоа што другите не ве забележуваат до најситен детал. Знамислете се себе преку очите на вашите блиски, луѓето кои ве сакаат. Како што тие го гледаат само тоа што е добро на вас, обидете се така да правите и сами и ќе се чувствувате одлично.

5. Моќта на промената
Дури и ако сте незадоволни со своето тело, секогаш можете да го подобрите. Фактот е дека со самата физичка активност можете да направите чуда. Исто така, додека вежбате, размислете само за прекрасната количина и сложеност на процесите кои се случуваат во вашето тело и прават се да функционира како што треба. Затоа што вашето тело само по себе е еден совршен механизам кој заслужува почит, колку и да сте понекогаш незадоволни од него и мислите дека може да биде и подобро. Но, тоа што подарокот го содржи внатре во кутијата е многу поважно од украсната хартија со која е завиткан.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...