Tuesday, 22 February 2011 12:46 Занимливости

Сите ги сакаме сендвичите, брзо се приготвуваат, вкусни се и практични за носење со себе, ако одите на пикник или на пат. Но, погледнете ги овие екстра чудни дванаесет сендвичи...

1. Сендвич-подарок
Не можете да одлучите што да купите за роденден? Зошто не сендвич-подарок. Ова е сендвич кој сигурно ќе го насмее секој кој ќе го добие, затоа што ништо не развеселува така како вакво симпатично мало нешто.



2. Најдолгиот сендвич на светот
Рекордот за најдолг сендвич на светот конечно беше надминат. Дубаи беше сведок на правење на сендвич долг 2.667 километри што влезе во Гинисовата книга на рекорди, во октомври 2010 година.



3. Татко-сендвич

Не чукајте си ја главата како да го изненадите татко ви. Направете му сендвич во облик на вратоврска. Ако сте го налутиле нешто, со ова дефинитивно ќе го развеселите.



4. Сендичот Рубикова коцка
Веројатно ова е најпрвиот сендвич во форма на Рубикова коцка. Се прашувате кои се состојките? Па, различни видови на салами и кашкавали, нормално.

5. Најмалиот сендвич на светот

 Дали оваа сендвиче може да биде најмалото сендвиче на светот?

6. Пица-сендвич
Кога би требало да бирате меѓу пица и сендвич што би избрале? Не можете да се одлучите? А зошто да не и двете нешта истовремено. Ова е одличен начин за да ја надминете вашата неодлучност.



7. Снешкото од топчиња месо
Снешкото од топчиња месо е направен од пилешко месо, јајца, трошки леб, а декориран е со пармезан сирење за добро да изгледа, со виршли место раце, сланина за шал, нос и капа од кашкавал и очи и копчиња од домати.



8. Сендвичот роденденска торта
Да. Среќен деветти роденден. Смешна и креативна торта направена од сендвич.



9. Сендвичот-пијано
Одлична опција за пијанистот кој сите ние го имаме длабоко во нас.



10. Сендвичите-тегови
Овие се одлични сендвичи-тегови, со еден мал недостаток: не можете да вежбате на нив, и веројатно би се распаднале ако ги немате прицврстено. Сепак и тие се одлични за вашата телесна тежина, само што ја зголемуваат, а не намалуваат.



11. Сендвичот-рака

Можеби ваков би требало да биде дизајнот на сите сендвичи во иднина: во форма на рака. Лесен за држење, а уште полесен за јадење.



12. Сендвичот човечка плацента
Криси и Кети се сестри-близначки кои ги охрабруваат луѓето да практикуваат плацентофагија, термин скован за луѓето кои сакаат да јадат човечка плацента со цел да го величат животот. Што би сториле вие?

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...