Monday, 21 February 2011 11:18 Занимливости

Ханг Сон Дунг (Hang Son Doong) e гигантска пештера откриена меѓу џунглата на Виетнам...

Сместена во Анамските планини, таа е скриена во националниот парк „Фонг На-Ке Банг“ крај границата со Лаос. Во реонот околу неа има уште околу 150 пештери, а многу од нив сеуште не се проучени.

Неистражуваната "Пештера на планинската река" е двапати поголема од Deer Cave во Сарварк, Малезија - досегашниот рекордер. Таа е само 100 метри висока и 90 метри широка, додека новооткриената пештера Ханг Сон Дунг достигнува височина над 240 метри и ширина 150 метри, пишува hobyto.com.

Се наоѓа на најнепроодните терени во Виетнам, пристапот до неа е многу тежок. Пештерата е покриена со џунгла и човек треба да биде во непосредна близина за да ја види.

Нејзиниот влез е многу мал (висина 10 метри и ширина 30 метри), страшните звуци и ветерот го издале присуството на голема подземна река. Тоа ги натерало локалните жители да се плашат и да ја избегнуваат.

Ханг Сон Дунг е откриена уште во 1991 година од виетнамскиот водач Хо Хан од селото Фонг На кој повел и Британско-Виетнамска експедиција во 2009 година по 6 часовно одење во џунглата тие достигнале до нејзиниот отвор.

Спелеонтолозите успеале да истражат 4 километри од неа пред да бидат запрени од 60 метарски ѕид од калциум. Над неа навирала бледа светлина и јасно се гледало дека има простор. Неуспевајќи да ја поминат таа пречка, тврдоглавите спеленонтолози следната година се вратиле со потребната опрема и луѓе и така наишле на најголемата пештерска галерија во светот, каде што не стапнала човечка нога.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...