Стресот е болест на модерната доба, а причините се поврзани со работата и начинот на живот. Ако не се знаеле, постои листа на најстресни професии кои можат да бидат причина за депресија. Ако спаѓате во една од наведените, не грижете се, затоа што професионалците предупредуваат како и старата добра изрека: „Она што не те убива, само те прави посилен“...
1. Работа во дом за постари и немоќни лица и со незгрижени деца
Типичен работен ден во старечки дом се врзува со најчесто болни и неподвижни луѓе за кои треба многу повеќе внимание и трпение што е многу постресно од физичката работа. Работата со деца, посебно оние кои се незгрижени и кои копнеат по внимание ви ги отвара очите за направедниот и суров свет во кој живееме што исто така може да биде многу депресивно.

2. Келнер во ресторан
Тимот во рестораните, особено келнерите имаат мали плати и многу надредени кои речиси секоја минута им кажуваат што треба да прават. Работата со луѓ е многу стресна работа затоа што луѓето навистина можат да бидат груби и безобзирни.
3. Социјалните работници
Оваа тешка работа исто така се врзува за суровата реалност на светот во кој живееме. Веруваме дека не ви е изненадување тоа што работата со злоставувани деца или семејства на работ на егзистенцијата може да биде многу стресна и депресивна. Да работите со луѓе на кои им треба многу внимание е навистина тешка работа која бара откажување од многу нешта.

4. Работниците во здравството
Докторите, терапевтите и медицинските сестри исто така работат една од најстресните работи. Овие професии бараат многу одрекувања и максимална концентрираност на работата. Со обѕир дека животите на многу луѓе се токму во нивните раце, можеме да го замислиме бремето на толкавата одговорност.
5. Уметниците, забавувачите, писателите и новинарите
Професиите кои бараат креативност всушност се многу нестабилни, а со самото тоа и многу стресни. Константната борба за егзистенција, професија без работно време и хонорари кои не стигнуваат навреме водат до депресија, а неуредниот начин на живот значително ја влошува оваа збркана работна атмосфера.

6. Работа во просветата
Професиите поврзани за едукацијата и образуванието се многу стресни, посебно ако станува збор за работа со адолесценти и нивните родители, па се сметаат на самиот врв на најдепресивни работи. Работата бара голем степен на концентрација, постојат многубројни правила и ограничувања, а неретко работните обврски се решаваат во текот на целиот ден, што значи и дома.
7. Административни професии
Административните професии се многу широк поим, постојат многу правила и се врзуваат за константно примање наредби од надредените за извршување на нивните приватни работи, дури и надвор од вашето работно време.

8. Професии врзани со одржување
Механичарите, водоинсталерите, и други мајстори кои работат на одржување ги викаме само тогаш кога нешто не е во ред. Тоа се професии без работно време, се работат при најлоши временски услови, најчесто се лошо платени и многу несигурни. Овие работи многу често се врзуваат со депресијата која неретко завршува со алкохолизам.
9. Финансии и книговодство
Парите и стресот секогаш одат заедно. Милиони денари секојдневно поминуваат низ рацете на овие луѓе кои мораат добро да знаат што и како работат затоа што и најмалата грешка може скапо да ги чини. Стресот во оваа работа е неизбежен затоа што освен притисокот од работата постои и притисок од надредените кои очекуваат само добри резултати.

10. Продавање
Професиите кои се врзуваат со продавање се непредвидливи и динамични, немаат работно време. Бараат чести патувања и оддалечување од семејството и пријателите. Постојаниот притисок од надредените и високите планови во продавањето ја вклучуваат оваа професија во една од најстресните модерни работи.