Thursday, 17 February 2011 03:48 Занимливости

Има продавници за чевли, продавници за часовници, продавници за долна облека, па дури и секс-продавници, но овие се десетте навистина најчудни...

1. Strippers World - продавница посветена на стриптиз бизнисот
Речиси со сигурност најбескласна продавница во Австралија, оваа мрачна дупка е специјализирана за продавање на облека која можеби само стриптизерки би сакале да ја носат. Што значи, наместо сензуална, со вкус одбрана долна облека, овде ќе најдете ефтини гаќички со вулгарни зборови за женските гениталии напишани на предната страна. Додадете некои безобразни штикли, опрема за садистичка жена и некоја сукна што татковците би ја смешале со ремен за панталони, и добивате прилично убава слика за тоа што се се наоѓа во оваа продавница. Но, сепак, некако е кул што има продавница за стриптизети, зар не?



2. Deyrolle - најморничавата продавница за препарирани животни во Париз
Ако сакате да купите препариран елен, скелет од жаба, бубачка Голијат со големина на тупаница или глава од камена доба, каде би отишле? За луѓето што живеат во Париз тоа никогаш не би претставувало проблем, затоа што тие ја имаат продавницата Deyrolle: неофицијално најморничавата продавница на светот, сепак чудно маѓепсувачка продавница за препарирани животни. Продавницата била отворена во 1831 година од етномологот Emile Deyrolle, и од тогаш различни животни се провлекуваат низ влезната врата од страна на муштерии од млади научници до пребогати колекционери. При влегувањето во ентомолошката соба на продавницата, луѓето се наоѓаат лице во лице со суштества од сите големини: пеперутки, зајаци, лисици, гизели, елени... но, морничавоста не доаѓа од бројот или големината на животните, туку од фактот дека се облечени во човечка облека.



3. Muara Kuin пливачки пазар - пазар каде што купувате со брод
Banjarmasin, Јужен Kalimantan (Индонезија) е градот познат како град на илјадници реки. Градот има репутација дека е многу интересен. Таму има традиционален пазар кој е познат како Muara Kuin пливачки пазар, лоциран во водите на реката Barito во устата на реката Muara Kuin. Трговците донесуваат најразлични материјали користејќи jukung (мали бротчиња кои се користат од потрошувачите). Со поглед на море, туристите уживаат во разгледување на маркетот. Малото бротче кое се вика jukung носи тезги со зеленчук, овошје, разни видови риба и други домаќински продукти кои можат да се најдат на пливачкиот пазар. Кога сонцето почнува да заоѓа, пазарот почнува да се собира, а трговците одат дома да видат што заработиле за тој ден.



4. Вештерски пазар - каде можете да ги купите најчудните амајлии
Овој мора да е еден од најбизарните улични пазари во Јужна Америка. Лоциран во највисокиот град на светот (3.400 метри), Ла Паз, пазарот над Calle Linares содржи претрупана линија од необични продавници каде вештерки, медицински сестри, доктори, астролози, гатачи и волшебници доаѓаат и работат. Од Llama фетуси за напредување, од палци-талисмани, пера од бувови и камени амајлии, тоа може да го најдете на вештерскиот пазар во Боливија. Преку молитви и принесување на Llama фетусите, вештеркитие ја молат Pachamama - божица која во Боливија ја викаат Мајка Земја - да донесе здравје, среќа и напредок. Повеќето семејства во Боливија имаат фрлено исушен Llama фетус во темелите на нивните куќи за среќа. Голите керамички парови постојат за подобрување на сексуалниот живот, надминување на импотенцијата и зголемување на плодноста.



5. Вуду пазарот во Ломе - пазар каде што можете да купите стапала од слон и глави од леопард
Во Ломе, Того (Западна Африка) постои пазар каде што не се продаваат вообичаените овошја и зеленчуци. Таму се продаваат стапала од слонови, глави од леопарди, раце од шимпанзи, срца од коњи, и уште многу други делови од животни на кои никогаш не би ни помислиле. Тие работи не се предвидени за готвење; овие се предмети за традиционална медицина. Со опачината надвор и опиени, прелапнати или со гумена кожа, се вели дека тие лечат разни болести. Традиционалните вуду свештеници и медицински лица управуваат со отровите. Деловите од животни доаѓаат од цела Западна Африка, а исто така и муштериите.



6. Контејнерската продавница Freitag - продавница направена од рециклирани контејнери
Шведската компанија Freitag е одговорна за правењето на едни од најмодерните торби на пазарот, но не затоа што само изгледаат добро, туку затоа што овие торби се направени од рециклирани материјали. Во 2006 браќата Freitag решиле да изградат продавница од 17 ’рѓосани контејнери, а сепак тоа изгледа изненадувачки привлечно. Со 26 метри во висина, продавницата нуди преубав поглед од највисокиот спрат, што е една од причините поради која браќата исто така одлучиле да исналираат телескоп на самитот за муштериите да можат да погледнат преку него на поминување.



7. Продавницата за стари чадори - најсимпатичното место да купите чадор
Продавницата за стари чадори е продавница со листа на наследени работи во централен Launceston, северна Тасманија. Launceston е третиот најстар град во Австралија. Оваа продавница ја носи симпатичноста до точка на неподносливост. Има многу старомодни играчки, крпчиња за чај што средновековните жени ги наоѓаат за чудно мили и повеќе китнести книги за птици и мачки отколку што некогаш би посакале. Меѓутоа, името на продавницата не е некој паметен стил на обид за иронија. Вистинската специјалност на продавницата се чадорите. Тие доаѓаат во различни форми, големини и бои, со тоа што секој следен чадор успева да биде поубави и посјаен од предходниот. Добрите луѓе од Launceston не мора да бидат заглавени со стандарниот црн чадор, туку можат да изберат различни за да им одговара на се што носат. Ријана би го обожавала оваа место, без сомнение.



8. Rope - јапонска продавница за фетиш за училишни девојки
Shibuya, во Токио, Јапонија, има многу интересни продавници, сервиси и ресторанти. Но, за една продавница многу се зборува дури и во западот кога се опишува чудната јапонска супкултура наречена Rope. Rope е специјална продавница која продава нешта на кои не можете да наидете во обична продавница за еротика. Во Rope може да најдете униформи од училишни девојки, чорапи и сукни од училишни девојки и други работи што им припаѓале на училишни девојки. Но, најпопуларната роба која се порадава во Rope се користени женски гаќички од училишни девојки, замотени во платични ќеси со слика во боја од девојката на која и припаѓале. Еден пар гаќички чинат само 40 долари. Можат да се најдат и на големо. Пакување од 10 за поевтина цена! Во споредба со другите предмети кои се продаваат таму, како колекција од слики од девојки за 10 долари, и тоа што сите фотографии се снимени со истата камера, сигурно долната облека не им припаѓала на девојките на сликите. Но, кој ги сака овие работи? Па, господата од Јапонија кои имаат фетиш за училишни девојки, а кој таму има и посебен назив и се вика burusera.



9. Цигански пазар за невести - пазар каде што можете да си купите жена
Облечени во своите најубави алишта и накитени со злато, илијадници ромски тинејџерки парадираат наоколу со нивните родители на отворениот пазар за невести. Носејќи многу шминка, тинејџерките доаѓаат на традиционалниот годишен пазар во Бугарија, надевајќи се да најдат маж кој би платил голема сума за својата идна сопруга. На пазарот во селото Могила блиску до Стара Загора, цената на убава млада жена се вели дека е неколку илјади лева/евра. Помладите браќа и сестри исто така доаѓаат да си играат и да јадат слатки работи додека нововенчан пар игра стомачен танц врз стар автомобил за да ја покажат својата среќа од наоѓање на партнер. Неколку девојки кои сакаат да бидат невести се придружуваат, покажувајќи ентузијазам за тоа да бидат омажени. Настанот се случува првата сабота од започнувањето на православното прославување на Велигден - денот на свети Тодор. Во 2009, собирањето привлече над 2.000 луѓе од цела јужна Бугарија.



10. Ka Firushi пазарот за птици
Во Авганистан, чувањето на птици за домашни љубимци е популарно многу одамна. Во еден од најстарите кваротви во главниот град на Авганистан, Кабул, има пазар што е посветен исклучително на чувањето на птици. Пазарот е познат како Ka Firushi. Ka Firushi е тесна уличка, во линија со калливи продавници за птици. Лоцирана е во правлив дел веднаш до Old City's Blue Mosque, блиску до главниот мост преку реката Кабул. Овој дел од градот е преполн со тесни улички по кои не можат да поминат автомобили, па воздухот е исполнет само со мелодичните звуци на птиците песнопојки. Во мали продавнички, продавачите продават канаринци, ноќни птици, и други песнопојки. Додека некои продавачи овде зависат од нивната продажба за да заработат за живот, други - посебно млади мажи и момчиња - го гледаат истото како хоби.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...