Се чини дека премиерот на Сингапур е најплатениот политичар во светот...

Тоа станало јасно од листата на CNBC за најплатените политичари во тихо-океанскиот регион.
Преглед на распоредот за регионот. Некои цифри можат да ве изненадат:
1. Ли Хсиен Лонг, премиер на Сингапур - 2.2 милиони долари
Ли Хсиен Лонг предводи не само на листата за тихоокеанскиот регион, туку и во целиот свет. Со 2.2 милиони долари годишно, тој добива 6 пати повеќе од претседателот Барак Обама.
Министрите во владата земаат во просек над 1 милион долари, што ги прави сите најплатени во светот.
2. Доналд Цанг, административен директор на Хонг Конг - 530 000 долари
Доналд Цанг заработува 530 илјади долари годишно, што е еднакво на 30 пати по платата на кинескиот претседател Џинтао Хју (18 000 долари).
Но, тоа е бројката без бонусите. Цанг работи во секторот од 1967 година и најверојатно добива доста бонуси.
3. Џулија Гилард, премиер на Австралија - 345 000 долари
Освен 345 000 долари годишно, Гилард ужива бонуси како патување во прва класа беше ограничување, и ќе има личен возач до крајот на својот живот.
4. Џон Кеј, премиер на Нов Зеланд - 290 000 долари
Господинот Кеј едвај е импресиониран од платата. Пред да стане премиер тој бил брокер во Merrill Lynch, каде што добивал по 2.25 милиони долари на година, и неговата сегашна состојба е 40 милиони американски долари.
5. Наото Кан, премиер на Јапонија - 273 000 долари
Кан раководи со третата најголема економоја во светот. Неговата платат сепак е мала во споредба со 10.3-те милиони долари кои ги добиваат CEO директорите на Нисан. Сепак, таа е за 6300% повеќе од платата на премиерот на Индија, кој добива само 4300 долари годишно.
6. Ма Инг-Ју, претседател на Тајван - 184 000 долари
Претседателот на Тајван е роден во Хонг Конг и е школуван во САД.
7. Ли Мјонг Бак, претседател на Јужна Кореја - 137 000 долари
Поранешниот шеф на Hyundai не е на оваа функција поради парите - малку откако беше избран, тој вети дека ќе донира плата за добротворни цели.
Личната состојба надминува 31 милиони долари. Тој беше познат како најбогатиот кандидат за претседател во Азија за време на предизборната кампања.
8. Сусило Бамбанг Јодхоионо, претседател на Индонезија - 124 000 долари
Платата на претседателот на Индонезија е 124 илјади долари, што е за 25 пати повеќе од БДП по глава на населението во земјата. Тој објави за своја цел да ја намали разликата помеѓу богатите и сиромашните во Индонезија, а оваа година ја зголеми платата на државните службеници за 10%.
Тој е поранешен генерал на армијата и вети дека ќе стори се за да ја искорени корупцијата во земјата.