ТОП ВИДЕО |
Monday, 14 February 2011 13:18
Занимливости
Секој има свој талент, некој подобар од оној другиот, меѓутоа овие луѓе имаат навистина чукнати „таленти“... 1. Човекот кој може да го удираш по гениталиите без да го повредиш
Yong Hsueh, монах од Shaolin, се појави во кинеската верзија на Јас имам талент за да ја демонстрира неговата способност да биде удрен по гениталиите без да страда од повреда. Тој и рече на публиката: „Челични гениталии Kongfu е древна уметност, со корени кои се протегаат дури во античка Кина. Тоа е практика за зацврстување и заштитување на машките генитални органи за да има помала шанса да бидат повредени или онеспособени во битка.“ Машките членови од публиката седеа со прекрстени нозе и гледаа во шок како различни членови беа поканувани да го удираат монахот помеѓу нозете, додека тој на сите им се поклонуваше и се смееше по секој поклон. Монахот рече дека оваа вештина може да биде научена само од ученик што почнал во детствотот - и дека вклучува туркање на тестисите во телото каде што не можат да бидат повредени.
Garry Turner или подобро познат како Човекот со растеглива кожа, може да ја растегне кожата на неговиот стомак дури до 15.8 сантиметри поради ретка медицинска состојба наречена синдром Ehlers-Danlos, нарушување на поврзните ткива кои влијаат врз кожата, лигаментите и внатрешните органи.
Секој си има сопствен талент, а за Paul Hunn тоа е способноста да ждрига до 110 децибели. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди за најгласното ждригање на сцената на The New Paul O'Grady Show, во Лондон, на 24 септември, 2008 година.
4. Човекот кој може да помине низ обрачот од ракет за тенис
Капетан Frodo е навистина вознемирувачка фигура. Може да биде поради неговото многу бело тело, ококорени очи, истетовиран грб или можеби двата црни клинови продупчени низ неговиоте брадавици. Или можеби е малиот факт дека може да го протне своето тело низ обрачот на ракет за тенис. И да, за да ги забрза работите, тој изместува еден по еден зглоб, оставајќи ги местата каде што би требале да бидат рамењата и белите екстремитети да „шеткаат“ на сите погрешни места како расипана кукла. Тој е дел од La Clique, циркус што има активности како мавање со ножеви, голтање мечеви, настапи на силни мажи, акробати... прилично се, освен дамата со брада.
Следниот пат кога треба да ја влечете колата, но ја немате вистинската опрема, јавете му се на овој човек. Каскадерот Xie Zhongcai од Хефеи, источната провинција Анхуи во Кина, има друга идеја што ја задоволува работата. Само врзете си ја колата за очните капаци и тргнете. И ако мислите дека тоа ќе пече само малку, што мислите за неговиот следен трик. Ако жителите во кварталот Хепинг беа оставени со отворени усти по неговата прва демонстрација, не можеа да си веруваат на своите очи следниот пат - затоа што каскадерот закачи мини-комбе на своите очи и почна да го влече.
Liang Yuxin им дава шанса дури и на најлошите пијаници да станат светски рекордери во повраќање. Овој 25 годишен кинез од Xia Mei ги има запрепастено лекарите со неговата шанса да повраќа се од жива риба до ланец долг 1 метар и 30 сантиметри. Додека процесот на дозирање со десет или повеќе мохитоси наутро може да изгледа неприроден, способноста Liang Yuxin да повраќа накит ги прави дури и најкиселите катценџамери да изгледаат како шега. Шампионот вели: „Открив дека можам да го правам тоа додека бев момче и слчајно проголтав топче и открив дека можам да го вратам по своја волја. Сега изгледа можам да голтнам се.“ Liang постојано практикува голтање риба, а сега зборува и дека ќе се обиде да го постигне Гинесовиот рекорд за голтање на монети. „Рекордот е десет од британец, а јас можам да голтнам 11“, рече тој.
Ilker Yilmaz можеби држи еден од најбизарните светски рекорди. Турскиот градежен работник става млеко во стојата дланка, силно го шмрка во својот нос и го шприца од неговото лево око, ритуал кој тој се надева ќе биде признаен како нов светски рекорд.
Запознаје го човекот кој доби место во Гинисовата книга на рекорди за тоа што има толку гуместа уста што може да собере цела лименка Кока-Кола во неа... и тоа поставена странично. Устата на Francisco Domingo Joaquim се оптега дури до 17 сантиметри, што е најшироко според книгата на светски рекорди. 20 годишниот рекордер пекар од Sambizanga, Angola се вели дека станал славен откако го покажал својот талент во локалните маркер и на фудбалски утакмици.
Изведувачот Claire Hawes ги остави судиите на Британија има талент без текст откако ја покажа својта исклучителна способност со флејтата. Незадоволна со свирење само еден инструмент, таа ја освои сцената со два - кои неодложно продолжи да ги дува со совјот нос, наместо со потрадиционалниот метод на користење на устата. Claire беше една од многуте изведувачи кои се надеваа дека ќе стигнат до финалето на популарното телевизиско шоу.
Alexander Overwijk црта совршен круг со слободна рака во дијаметар од 1 метар за помалку од секунда.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|































