ВИЦ
На семафор ТОП ВИДЕО |
Monday, 14 February 2011 12:30
Занимливости
Како го прославуваат Свети Валентин во светот... Свети Валентин или попознат како Денот на вљубените е денот кога повеќето земји ја слават љубовта. Постојат луѓе кои ги среќаваме кои не веруваат во овој ден и според нив љубовта би требало да се прославува секој втор ден. Вистина, но колку луѓе всушност ја прославуваат љубовта со толкав жар во обични денови од годината?
Значи, за еден ден љубовниците можат да излезат и да ја покажат својата љубов на светот и тоа на Свети Валентин. Различни земји го прилагодиле прославувањето на Свети Валентин, а ова се некои поинтересни.
Во Бразил прославуваат нешто што тие го нарекуваат Dia Dos Namorados, што во превод значи „Ден на вљубените“ на 12 јуни. Тие го слават на ден пред денот на Свети Антониј. Свети Антониј бил светец на бракот. Во Јапонија, на 14 февруари, жените им купуваат чоколади на мажите. Ако станува збор за платонска врска или ако мажот е близок роднина, жената купува чоколадо наречено kiri-choco. Ако мажот е дечко, сопруг или љубовник се купува друго чоколадо, кое се вика hon-mei. Месец подоцна, на 14 март, мажите го возвраќаат гестот со тоа што им купуваат бело чоколадо на сите жени кои се сетиле на нив на Свети Валентин. Денот се вика „Бел ден“ поради белото чоколадо.
Французите се исти како во повеќето земји и исто така разменуваат подароци за Свети Валентин, во главно цвеќиња и чоколади. Тие ја изразуваат својата љубов кон сите со кои се чувствуваат блиски, не само на љубовниците. Во средниот век било раширено верувањето дека птиците почнуваат да се парат на на средината од вториот месец во годината. Во Шкотска, сите се вклучени. Децата прават картички и пишуваат песни на нив. Возрасните разменуват картички и/или подароци со нивните сакани и блиски роднини. Меѓутоа, картичките се испраќаат анонимно и сите ентузијастички очекуваат поштарот да им донесе картичка. Исто така пишуваат пораки на ковертите за да го охрабрат брзото испорачување на поштата. Шкотски обичај е првиот млад маж или млада жена кои ќе се сретнат на улицата да станат нивен Валентин за тој ден. Навечер мажите и жените се собираат и играат интересни игри, каде што се делат на две групи (подеднакво мажи и жени) и жените од шапка влечат имиња на мажи кои стануваат нивни партнери за таа вечер. Многу често од таквите парови произлегуваат бракови. Индијците одбивале да го слават Свети Валентин, сметајќи дека западната култура не е релевантна за нивната традиција, меѓутоа младите го слават Денот на вљубените со разменување на картички и подароци. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|
























