Saturday, 12 February 2011 20:14 Занимливости

Места за секојдневно живеење, но направени во чуден и прекрасен стил...

1. Најмалиот апартман во Њујорк

Пар Њујоркчани кои живеат во 54 метри квадратни студио, може да биде замавот на иднината. Zaarath и Christopher Prokop не готват во сопствената кујна. Тие ги „складираат“ повеќето од нивната облека во хемиско чистење. Капучино машината е единствениот кујнски продукт, и сталажата на повеќе нивоа и малиот кревет им се единствениот мебел. Но Prokops велат дека се среќни со нивниот дом, кој ги чинел 150.000 долари пред неколку месеци. Со две целосни работи, ќе го исплатат долгот за само две години.

2. Апартманот за хрчаци

Ова сместете го под лудост. Имитирајќи го тркалото за хрчаци, концептуалниот дизајн става ракатка соби во огромно тркало како направа. Додека го вртите тркалото - за што треба да имате силни нозе - и ја менувате неговата положба тоа ја менува својата функција. Со други зборови, свртете 180 степени и кујната станува плафон, а подот дневна соба. Тоа може да биде изводливо во навистина долга цевка како дизајн. Идеално за живеење во Њујорк, каде поголемиот дел од времето и така се чувствувате како хрчаци.

3. Апартманот дизајниран од Jean-Paul Gaultier според него самиот

Кога познати модни дизајнери ја покажуваат внатрешноста на нивните домови секогаш е возбудливо. Овој апартман припаѓа на францускиот дизајнер, Jean-Paul Gaultier. Сместен е пред Ајфеловата кула, со прекрасни погледи кон Париз. Внатрешниот дизајн изгледа малку луд и монохроматски поради морнарските линии што поминуваат преку ѕидовите, подот и мебелот на апарманот. Овие линии биле потпис на дизајнерот. Покрај тоа има соба-градина и куклена соба кои треба да бидат споменети. Собата-градина е цела покриена со растенија: бршлени на софата, израстоци лишај преку проткаените столови и сенки од дрвја, и мов, како зелен кадифен тепих преку камењата. Куклената соба е исто така спална соба.


4. Апартманот создаден од хартија

Уметникот Don Lucho ја создал Casa de Karton: целосен апартман (вклучувајќи и тоалет, кревет и дури прибор) направен од хартија и картон. Додека неговата мотивација е нејасна, сепак е прилично импресивно. Апартманот го има цел мебел и други предмети што се очекува да ги има во кујна или во спална соба. Да бидете во овие „картонски соби“ ќе ве направат да се чувствувате како да сте дел од цртеж. Покрај куќата тој исто така направил кола од картон, и ја поставил улицата па изгледа многу реално.

5. Апартманот декориран со боја над нормалата

Ова изглед како уште едно друго претсобја на тринаесетти спрат во среднокласна зграда во Украина, со исклучок на уникатно зацврстените исфарбани ѕидови. Дамата која што живее во еден од апарманите е посветена на тоа да ги одржува работите такви какви што треба да бидат. Според неа, некои соседи се обиделе да протестираат против изгледот и се обиделе да го уништат оваа уметничко дело, иако не можеле многу да сторат во врска со тоа. Па, таа го здржува изгледот додека нејзините соседи намрштено неодобруваат.

6. Апартманот поврзан со надворешни скали

Слики од Iwan Baan за градењето на апармани во Токио, дизајнирани од Sou Fujimoto. Уникатен дизајн за оваа куќа, спротивно на областа, содржи 5 одделени единици со одделни спални соби. Сите се поврзани со надворешни скалила.

7. Киното претворено во апартман

Го гледате фасцинантното студио апартман што порано било седиштето на киното Plaza-Astoria, оригинално отворено во 1931 година. Не знаеме дали ова е последица од тоа што киното Astoria било погодено од финансиска криза, но знаеме дека овој апартман со една спална соба е лоциран во центарот на Стокхолм (областа Васастан) и моментално се продава за 3.216.400 американски долари. Целосната површина на плафонот е 423 метри квадратни со тераса од 39 метри квардатни и оранжерија од 22 метри квардатни блиску до Васа Парк. Покрај неговата импресивна големина, поранешната културна „гајба“ исто така има голем орман во кој може да се шета, луксузна бања со сауна и рекреација на јапонска област, огнен престен, 5 метри висока палма (висина на плафонот 7.8 метри) и многу, многу повеќе.

8. Апартманот направен од 25.000 пинг понг топчиња

Апартманот на Daniel Arsham во Бруклин е единственото минијатурно место во кое ќе посакате да живеете. Одвај има 30 метри квадратни - што е доволно за да соберете барем една четкичка за заби - но декорацијата е толку фина и минимална, што би ве натерало да ја смените сопствената конзерва без да размислувате. Плафонот е прикачен за канцелариите на Snarkitecture, архитектонска фирма каде што Arsham е партнер, и во основа тоа е само соба која служи за две функции: спиење и облекување. Но, каква само соба е тоа. Ѕидовите изгледаат како големи екрани со пиксели направени од сиво до бело додека се приближувате кон плафонот. Ако го истражите од поблиску, пикселите се всушност пинг-понг топчиња - дури 25.000 од нив.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...