Да се тетовираш е во мода и речиси сите сакаат да го сторат тоа, но има луѓе кои одат во екстремности...
1. Се тетовирал на пенисот за да освои кола
Германец не морал да плати во евра за нова кола, но морал да плати со мастило. Andreas Mueller освоил сребрен Mini Cooper со тоа што ја направил најлудата вештина за време на натпревар на радио шоу, со тоа што го истетовирал зборот MINI на својот пенис. Слушателите на радиото го слушале Muller како вреска додека го тетовирале на машкоста додека водителката го гледала сето тоа. „Кога ќе седнам во колата, нема да ми е важно повеќе“, рекол Muller, 39 години.

2. Мајката која се тетовирала со пепелта од син и
Ожалостената мајка Kim Mordue ќе носи дел од нејзиниот трагично загинат син со неа засекогаш - затоа што си направила тетоважи од неговата пепел. 50 годишната жена ги измешала остатоците со мастило за да создаде дизај на нејзиното тело со цел да оддаде почит на Lloyd Evans кој загинал пред три години. Ким, од Llanelli, Dyfed, била со скршено срце кога Lloyd, 24 години, умрел една ноќ од предозирање со дрога. Тетоважите, дрвото кабала, ангел кој ослободува пеперутка и поема посветена на нејзиниот син, биле нацртани од страна на сопругот на Kim David кој води сопствен салон. Ким исто така се надева дека нејзините тетоважи ќе предупредат на опасноста од користењето дрога.

3. Сопругот кој се тетовирал со тетоважа вредна 1.500 долари само за да дознае дека жена му го изневерува
Да си истетовираш реален портрет од својата жена и деца на грбот можеби не е на листата на многу луѓе, но секако покажува животна посветеност на својата сопруга. За несреќа за Alan Jenkins, неговата жена со сигурност не сакала да ја возврати услугата. Додека тој поминувал низ 20 часовен процес кој вреди 1.500 долари за тетоважа преку целиот свој грб, таа била зафатена изневерувајќи го со маж помлад 10 години од неа, кој го запознала на работа. Се разбира, Alan не го дознал тоа се додека тетоважата не била завршена. Чудно, тој одлучил да не ја отстрани нејизната слика. Неговата жена, Lisa, се обидела да се одбрани самата велејќи дека не планирала да се вљуби во фитнес инструкторот Kaspars Gavars и дека таа никогаш не сакала Alan да се истетовира. Сепак, да чекаш маж ти да ја заврши тетоважата пред да му кажеш за својата афера е прилично лошо.

4. Мажот кој станал човечки билборд со корпоративни тетоважи
Billy Gibby, или уште познат како „Човечкиот билборд“, сака да влезе во Гинисовата книга на рекорти за најмногу корпорациски логоа тетовирани на човечко тело. Тој ја спонзорира својата боксерска кариера на тој начин, за да може да собере пари и да ја поддржи организацијата за донирање органи. Борачот неодамна легално го промени своето име во Hostgator Dotcom како дел од промовирањето на веб-хостинг компанијата HostGator.com. Уште од неговата прва реклама за Goldenpalace.com, Billy собрал 26 и повеќе тетоважи од корпорациски спонзори, вклучувајќи ги и од Liberty Tax Service, Host Gator, Grown Up Geek, Cam4 и мноштво порно страници.

5. Јавната куќа која понудила слободен влез за мажи кои го имале истетовирано нејзиното име
Јавната куќа со репутација дека е најголема во Европа била преполнета со интерес по понуда за слободен влез за муштериите кои го имаат нејзиното име истетовирано на нивната рака. Менаџерот на Pascha, кој им дава дом на повеќе од 120 проститутки, не очекувал никаков одѕив кога ги ставил постерите за да ја рекламираат ироничната промоција. Но, повеќе од 40 мажи дошле со името истетовирано на нивните раце со големи сини букви, и тату-уметникот морал да работи додатни смени за да држи чекор со побарувачката.

6. Мајката која ги истетовирала своите 10 годишни деца затоа што ја преколнувале да го стори тоа
Па, тие го сакале. Тоа е причината што Jo-Jo Marsh ги дала сопствените деца да ги тетовираат (едното 10 годишно). Госпоѓа Marsh ја покажува тетоважата на раката на син и. Белегот е симбол што наликува на крст, оставен од домашно направен пиштол за тетовирање со жица за гитара како игла. „Не ја ни продупчивме кожата како што треба“, рече Marsh. „Тие се многу слаби, само преку неколку слоеви на површината, ќе избледнат, ете толку се ситни.“ Marsh и нејзиниот сопруг, Jacob Bartels, се соочени со обвиненија за суровост кон деца откако детективите ги откриле истите знаци на шест од седумте деца на парот. Едно од децата има само 10 години. Marsh ја брани својата постапка велејќи дека децата ја преколнувале за тетоважи како нејзините. Таа рекла повеќе пати за време на интервју дека ја менувала иглата секој пат. Marsh верува дека како старател на децата, таа треба да има право да ги тетовира ако одбере така. „Зар не треба јас да кажам што се случува во животот на моето дете“, рече Marsh. „Имам старателство врз моите деца, и сигурно нема да ги повредам.

7. Крадецот кој го фатиле затоа што го имал истетовирано сопственото име и дата на раѓање на својот врат
Полицијата не морала да подигне прст за да го идентификува овој крадец откако провалил во кола обезбедена со камери - затоа што имал огромна тетоважа која го откривала неговото име и дата на раѓање. Aaron Evans, 23 години, бил снимен како провалува во Peugeot 106 на паркинг за коли. Не само што не успеал да ја забележи покриената камера која го снимила секое негово движење, но дури ја фатила и најважната информација „Evans 19.9.87“, дебело истетовирана на неговиот врат. Evans бил затворен на седум месеци.

8. Човекот кој се истетовирал со медицинската опрема која му го спасила животот
Како дете, Matt поминал многу време по болници - па како возрасен, одлучил да оддаде почит на истите: тој истетовирал различна медицинска опрема по своето тело, која му го спасила животот. Тој има стетоскоп на неговото бедро, отоскоп на ножниот лист, и рендген на карлицата. Тој е со сето срце вљубен во дизајнот на медицинската опрема и го посветил неговото тело да личи на чуден, запрепастувачки медицински кабинет, спремен и опремен за било каква ургентна ситуација.

9. 3 годишната тату-артистка
Повеќето деца сакаат да чкртаат, но 3 годишната Ruby Dickinson навистина ја издига уметноста на децата на следното ниво: таа е спремна да биде најмладиот тату-артист во светот! Девојчето го научила занаетот од нејзинот татко, Blane, кој води тату-салон во Wales. Господин Dickinson, 36 години, увезува мастило за тетовирање од САД што е специјално дизајнирано за да биде употребувано од малите рачиња.

10. Бабата која се истетовирала на 101 година
Никој не може да се буни дека не е доволно стара! Mimi Rosenthal, 101 година, висока метар и триесет сантиметри не ги одмарала баш нозете на подот. И за нејзината трета тетоважа, таа сакала да се чувствува удобно. „Да ти најдеме нешто за стапалата“ и рекол тату-артистот Michelle Gallo-Kohlas, долгогодишен пријател на семејството поласкан со почитта да ја тетовира раката на Rosenthal. На 99 годишна возраст, Rosenthal првпат одлучила да се тетовра, мала сина пеперутка со големина на монетка. Gallo-Kohlas се сеќава дека кога Rosenthal погледнала во завршената тетоважа рекла дека е премногу мала. На 100 годишна возраст, Rosenthal повторно се обидела, овој пат многу поголема тетоважа на другата нога. Цветот со големина на сребрен долар бил подобар, но требало да ја подига својата стара нога за да ја покаже. Следниот пат, одлучила таа, ќе се истетовира на раката.
